Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Расте државниот долг, растат и трошоците за живот на граѓаните
СДСМ се повеќе ја задолжува државата. Нето долгот на Владата предводена од СДСМ само за 2018 година изнесува 540 милиони евра, за кои граѓаните не знаат каде завршија. Додека расте државниот долг, растат и трошоците за живот на граѓаните на Република Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, трошоците за живот во февруари оваа година се за 1,9% повисоки од трошоците во февруари минатата година. Животот во Република Македонија станува се поскап, а нема покачување на платите, пензиите и социјалната помош со што се намалува куповната моќ на граѓаните и се зголемува сиромаштијата во државата. Катастрофалната економска политика на владата на Заев и СДСМ ја носи државата во економска бездна. Капитални инвестиции нема, а СДСМ се однесува расипнички со народните пари. Граѓаните станаа жртва на погрешните политики на оваа економски неспособна власт.
„Додека државата тоне на економски план и условите за живот стануваат се полоши, власта ја дефокусира јавноста со политичка хајка на патриоти и неистомисленици на политиките на Заев и СДСМ. Десетици граѓани меѓу кои пратеници, режисери, актери, архитекти, полициски службеници и истакнати граѓани од јавниот живот се соочуваат со монтирани обвиненија за тероризам, додека вистинските криминалци дивеат низ државата. Владеењето на правото повеќе не постои во Република Македонија. Власта целосно ги зароби институциите и во своја служба ги има ставено правосудните органи преку кои врши политички прогон на секој кој не се согласува со политиките на СДСМ“, велат од опозициската партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Обвинителството и судството се под страшен притисок и не работат врз база на аргументи туку по диктат на власта. Власта ги заплашува и онеспособува сите оние кои се спротивставуваат на газењето на демократијата, законите и Уставот од страна Заев и СДСМ „Институциите мора да се ослободат од стегите и притисокот на власта и да застанат во одбрана на законите и демократијата во Република Македонија. Правната држава мора да биде вратена, а патриотите и сите кои си ја сакаат државата да бидат ослободени од неоснованите и монтирани обвиненија“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

