Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: И САД гласаа воздржано за резолуцијата поради амандманите, Филипче, не резили се
Жално е да се гледа како Венко Филипче кажува глупости и се излетува во јавноста со погрешни изјави и заклучоци. Под итно да ги отпушти советниците кои денес го натераа да збори невистини, а доколку тоа не го направи јасно е дека тој свесно и отворено манипулира, реагира ВМРО-ДПМНЕ по изјавите на претседтелот на СДСМ за гласањето во Обединетите Нации.
„Во еден момент Филипче вели цитираме “Македонија прифати да бидеме конспознори на американската резолуција, а потоа беше воздржана, прв пат влада која конспозорира потоа не гласа за резолуцијатa”. Она што Филипче не го знае и што е единствена вистина е дека Македонија и САД гласаа унисоно. Односно исто како и САД, Македонија гласаше воздржано за резолуцијата откако претходно беа прифатени амндмани кои не беа на линиција со резолуцијата која беше коспонзорирана и произведена од нашиот стратешки партнер САД“, појаснува ВМРО-ДПМНЕ.
Се додава дека терминот кој го користи Венко Филипче на прес-конференцијата дека Македонија скршнува од „eвропската надворешна стратегија”, ако неговите советници не знаат, тогаш јавноста мора да знае дека таков термин и таква стратегија воопшто не постои во надворешната политика.
Прес конференциите на Венко Филипче освен што се аматерски, и служат за засмејување, тие во основа се манипулативни и погрешни. Аман Венко не се брукај, себе и партијата. За советниците веќе знаеме какви ти се, се додава во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

