Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Само човек без срам и Оливер Спасовски може да биде министер и по толку скандали
„Спасовски пред еден месец тврдеше дека многу бргу ќе се открие извршителот што стои зад лажните дојави за бомби што шират страв и несигурност кај граѓаните. Од тогаш помина цел месец, а бројот на дојави се зголеми и освен јавни објекти, цели на дојавите станаа и објекти за домување. Ова е веќе сериозен проблем. Со часови граѓани среде зима се надвор од дома затоа што надлежните не може да го откријат сторителот или сторителите“, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму посочуваат дека „Спасовски е должен да ги искористи сите домашни капацитети, но и странска помош за да стави крај на тероризирањето врз граѓаните, институциите и компаниите во Македонија. За каква стабилна безбедносна состојба говори Спасовски кога Министерството што го води нема апсолутно никаков успех во справувањето со оваа закана“.
„Ако на ваквата континуирана трауматизираност на граѓаните се додадат другите скандали поврзани со МВР, тогаш Спасовски требаше уште вчера да си поднесе оставка. По скандалот, како кражба од депо со оружје во МВР, по доделените 215 пасоши на светски мафијаши, по доделувањето државјанство на лице од црната листа на САД, по давањето тендер за софтвер на компанија од црната листа, по забошотување на скандалот со синот на Буши, по бркањето на полицајците од пункт во Арачиново, по неколкумесечен неуспех да се открие кој стои зад лажните дојави за бомби, само човек без грам срам и Оливер Спасовски може да останат на функцијата министер“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

