Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае дека ќе доживее дебакл, затоа не поддржува референдум, предавникот Ковачевски си ја чува фотелјата
СДСМ знае дека ќе доживее дебакл, затоа не поддржува референдум, предавникот Ковачевски си ја чува фотелјата. Ако СДСМ беше уверен дека договорот што го постигнале и протоколот што го потпишале се толку добри, тогаш немаше да имаат проблем да излезат на референдум, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека во СДСМ знаат оти договорот е лош и дека е на штета на македонскиот јазик, идентитет и историја и затоа бегаат од референдум. На СДСМ му е страв од народот, кој масовно се обедини против бугаризацијата планирана од предавникот Ковачевски.
Предавникот Ковачевски се крие и зад пратениците на СДСМ и зад Владага во целост, бега од референдум и само се бори да ја зачува позицијата, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

