Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема капацитет да ги спроведе реформите, не се ниту до половина со реализацијата
Владиниот план 3-6-9 доживеа дебакл. СДСМ нема капацитет да ги спроведе реформите за кои презеде обврска. Затоа на овој начин, преку соопштение кое нема ниту еден конкретен податок, објавуваат дека поминале деветте месеци и наводно го заокружиле планот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да беше така, барем еден функционер ќе се појавеше и ќе објаснеше точка по точка, што се било реализирано. СДСМ организираше спектакли кога ја чистеа владината гаража или кога промовираа поместување на автобуска постојка, а сега ги нема да се појават за реформи кои се суштински за државата. Министерството за правда втора недела е без прв човек и најголемата трагедија е во тоа што работите се движат исто како и кога имаше министер. Стагнираат.
Премиерот Зоран Заев пред неполни недела дена го формираше Советот за реформи во правосудството, на истекот на деветтиот месец. Проблемот е во тоа што работите функционираат исто, како и без Совет или пак со првиот кој беше формиран па расформиран. Стагнираат.
Власта излезе со некаков предлог за реформи во безбедносно-разузнавачките служби, но подобро да не излезеше. Наместо реформи се нудеше враќање во 1949 година. Се најавуваше борба против корупција, а Македонија потона на дното на листата на Транспаренси. Никој не знае кои се двајцата функционери за кои се водеше истрага за корупција, а граѓаните беа сведоци на изјава на бизнисмен кој пред судот потврди на кој начин се барал поткупот во Струмица.
Владата лаже дека планот е заокружен и дека е реализиран, а наназад 9 месеци гледаме се само не конкретни проекти и реформи. Изминативе 9 месеци сведоци сме на уценети судии, заробено правосудство, партизирање на јавната администрација, уценети медиуми, силување на демократијата. Државата тоне во корупција и криминал и никаков напредок во безбедносно-разузнавачките служби.
Сведоци сме на корумпирани соработници на министри, нерасчистени убиства, партиски вработувања, монтирани политички судски случаи, неуставно носење на закони и грубо кршење на Уставот на државата.
СДСМ како ураган ги уништија институциите и државата. Само за да се задржи на власт дава приоритет на закони кои не се дел од реформската агенда. Ова не е констатација само на домашната туку и на меѓународната јавност.
Очигледно е дека СДСМ нема капацитет да ги спроведе реформските процеси во Република Македонија. СДСМ имаа 9 месеци да ги спроведат реформите, но тие не се ниту до половина со степенот на реализација.
СДСМ и нанесе огромна штета на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија и план за реформските процеси кои ќе ја застанат државата на здрави нозе веднаш по доаѓањето на власт“ се наведува во соопштенито на опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

