Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се помири што успешно ги водиме општините
СДСМ не може да се помири со фактот што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успешно ги водат општините и покрај долговите што ги оставија нивните претходници од СДСМ и опструкциите на централната власт, реагира ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата изнесени од страна на владејчаката партија.
„Кога СДСМ сака да зборува за трошење на народните пари, нека го направи тоа за аздисаноста на институциите што тие ги раководат. Зарем за СДСМ е нормално во услови на криза да се трошат 50.000 евра за набавка на кафе од страна на СОЗР. Додека СДСМ глуми загрижен за стандардот на граѓаните, истата таа институција набавувала режено цвеќе во вредност од 50.000 евра. Додека народот гладува, Владата на СДСМ и ДУИ потрошила над 200.000 евра за хотелски услуги.
Ете ова е лицемерството на СДСМ. Народот тоа го гледа и народот тоа ќе го казни на следните избори“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

