Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ поткупува граѓани на изборите кои сами ги организираат и сами учествуваат
Власта ги компромитира корона-изборите кои што сама ги организира и на кои што учествува сама, без опозиција, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„ На изборен ден СДСМ одлучува и дели буџетски пари како наводна помош со четвртиот сет мерки, а всушност за купување на гласови и со тоа на излезност.
Очигледно СДСМ не може да победи дури на избори на кои што сама учествува сама и сама ги организира, со неколку свои сателити па среде економска криза преку поткуп да уценува граѓани да излезат на избори.
Ако на СДСМ им беа важни граѓаните немаше да остават 50.000 да ги загубат работните места, трошоците и сиромаштијата да растат, фирми да пропаѓаат и животи да се губат.
Поткупот нема да ги спаси илјадниците загрозени животи заради корона-изборите кои премиерот во заминување реши да ги организира среде пандемија само заради бзизнис цели. Заев и СДСМ покажаа дека не им се важни животите на граѓаните, туку функциите и бизнис зделките.
Државата е на колена, економијата уништена, животи загрозени. Време е за оставки!“ велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова прими претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија
На Светскиот ден на дијабетесот, 14 Ноември, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија – СЗДМ со кои разговараше за главните проблеми и предизвици со коишто се соочуваат.
Тие ја запознаа со личната карта на организацијата, којашто застапува 23 здруженија од земјава посветени на превенцијата од дијабетес, како и грижата и заложбите за унапредување на квалитетот на животот на дијабетичарите.
Имајќи предвид дека во државава се регистрирани 142 илјади пациенти, од кои 42 илјади се на инсулинска терапија, соговорниците се согласија дека е неопходно итно спроведување на современи превентивни, континуирани и квалитетни програми, со коишто не само што се штитат нивното здравје и живот, туку рапидно се намалуваат трошоците.
Претставниците на Сојузот ја запознаа претседателката со приоритетите во борбата со оваа опака болест како што се: потребата за добивање на сензори, oдносно CGM системи за секое лице со Тип1 дијабет. Тие ја посочија и нужноста од достапност на современата инсулинска и анти-дијабетна терапија, од превентивни прегледи низ државата, како и од создавање отворен пазар за медицинските помагала – ленти и гликомери, како предуслов за конкуренција и подобар квалитет, со оглед на досегашните тешки, а напати и ризични искуства.
Претседателката беше информирана и за соработката на СЗДМ со надлежните институции, како и за активностите во рамки на Меѓународната дијабетес федерација во којашто членуваат 251 национални организации од 158 земји во светот каде што се бележи растечки тренд на новодијагностицирани.
Укажувајќи на важноста од подигнување на свеста за здравствената закана што ја носи дијабетесот, Сиљановска-Давкова изрази целосна поддршка за напорите на Сојузот и ја истакна важноста да се изнајдат системски решенија што конкретно ќе придонесат во обезбедувањето на поквалитетен живот за лицата со дијабетес во државава.
Македонија
Алиу: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа
„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички заложби со раководството во континуитет работиме на унапредување на условите за оваа специфична категорија пациенти“, порача министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на првата меѓународна конференција за геријатриска и палијативна медицина со меѓународно учество, која се вчера се одржа во Скопје.
Министерот Алиу потсети дека во изминативе неколку месеци оваа установа е зајакната со стручен кадар, односно дека се вработени вкупно 48 лица, од кои 23 негуватели, 22 хигиеничари, двајца возачи и еден лаборант.
„Во моментов, еден доктор е упатен на специјализација по интерна медицина и двајца доктори специјалисти на супспецијализација по геријатриска медицина. За следната година се планирани уште две супспецијализации по геријатриска медицина“, рече министерот Азир Алиу.
Тој истакна дека за оваа специјализирана болница е обезбедена нова медицинска и немедицинска опрема, како што се eлектрохируршка единица на радиобранови, крио-спреј, парен автоклав – воден стерилизатор, болнички наткасни со масички за хранење и справи за физикална терапија.
„Како министер за здравство сакам да креирам политики базирани на податоци и на потреби. Како што популацијата и демографијата се менуваат, така со менувањето на граѓанинот треба да се менува и инфраструктурата на здравството. Така што ќе креирам и понатаму политики кои се потребни за оваа популација и развој на инфраструктура која е потребна“, рече министерот Азир Алиу.
Македонија
Грин Машинс со мотото „Green Force“ ги претстави своите електрични модели на Ecomondo 2025 во Римини
Грин Машинс учествуваше на саемот во Италија ECOMONDO 2025, водечкиот италијански настан посветен на зелени технологии, рециклирање и одржлив урбан развој.
На штандот беа изложени целата палета електрични комунални возила на Грин Машинс, вклучувајќи најсовремени решенија за урбано чистење, компактни машини за тесни градски зони, високо продуктивни sweepers со нулта емисија, како и нови технолошки надградби кои нудат пониска бучава, пониски оперативни трошоци и целосно „зелено“ работење.
Тимот на Грин Машинс на ECOMONDO одржа низа состаноци со партнери, дилери и големи комунални оператори од цела Италија и Европа. Беа презентирани најновите подобрувања во батериската технологија, автономните функции и паметните системи за управување со комунални возила.
Оваа година, штандот на Грин Машинс беше брендиран со мотото „GREEN FORCE“, кое привлече внимание од посетителите и придонесе за силна видливост и препознатливост на брендот во рамките на саемот.
Успешното учество ја потврдува стратегијата на Green Machines да го зајакне своето присуство на европскиот пазар, со посебен акцент на земјите кои активно инвестираат во декарбонизација и современи еколошки решенија за урбано чистење.
Green Machines продолжува со демонстрации, обуки и теренски презентации низ Европа во текот на 2025 година, со цел да ги поддржи градовите и операторите во транзицијата кон поодржлива и поефикасна урбана инфраструктура.
(ПР текст)

