Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ да не прават лицитација со функции, да се изјаснат за нашите предлози
ДУИ и СДС нека не се расфрлаат со функции и со државни позиции. Таквата лицитација покажува дека институциите што ги раководат се во пропаѓање, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„На народот му е повеќе од јасно дека во овие 6 години на власт, криминалната коалиција ДУИ И СДС, единствено се води од тоа, која партија колку функции ќе добие, за понатаму, да си прават математики, кој колку ќе се збогати на грбот на граѓаните.
За разлика од овој принцип на владеење, ВМРО-ДПМНЕ, секогаш се води од националните интереси на Република Македонија и сите нејзини граѓани. Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од јасни и конзистентни, нема спроведување на уставни измени под бугарски диктат.
Затоа, во оваа насока, Ковачевски како домазет во Владата да го праша Али Ахмети кој од двата предлога на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа?“, додаваат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

