Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ од 2018 гласаат сѐ поголем буџет, во исто време од тогаш граѓаните имаат сѐ помал стандард
„Власта шеста година изгласува се поголем буџет, а оваа година тој гласи цели 5,5 милијарди евра, но граѓаните шеста година по ред, се повеќе се дават во сиромаштија, стандардот тоне, а цените во маркетите се поскапи од тие во Германија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Според статистиките, за раст на БДП по глава на жител. Од 2017 до 2023 година, земјите во регионот бележат раст на БДП по глава на жител над 50%, додека Македонија за истиот период бележи раст само од 20%.
Во овие 6 години се потрошија 25 милиони евра од буџетот, а нема ни еден единствен капитален проект, кој почнал и се завршил, за време на овој период. Македонија стана убедливо најсиромашна земја по глава на жител, нас не поминаа и Босна и Херцеговина и Албанија, во сите економски параметри.
Очигледно е она дека, со што се потврдува и во извештајот на ЕУ, дека во Македонија царува корупцијата, во сите пори на општеството, а функционерите од ДУИ и СДС, само гледаат како да натоварат, што повеќе милиони на своја сметка, за нив и нивните роднини.
Оваа пракса ќе заврши многу брзо, за само неколку месеци. ВМРО-ДПМНЕ, подржани од граѓаните, ќе ја срушат оваа криминална власт, а потоа ќе дојдат вистински економски политики но и одговорност“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

