Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Ковачевски и Пендаровски да кажат кој го плаќа странскиот експерт за црни кампањи Асаф Исеин, дали странска држава или во кеш со што прават кривично дело
СДС, Ковачевски и Пендаровски да кажат кој го плаќа странскиот експерт за црни кампањи Асаф Исеин, дали странска држава или во кеш со што прават кривично дело, бараат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС молчи и не одговара зошто се фатени во тесно. Вистината излезе на виделина. Пендаровски призна дека се среќавал со Асаф Исеин и дека тој бил ангажиран од СДС. Колку и Ковачевски да сака да го прикрива Пендаровски, кој беше искрен, не може. СДС треба да каже дали во последните 10тина дена Исеин е чест посетител на нивниот штаб и дали тој им ги прави црните кампањи? Дали тоа го прави во канцеларии во еден хотел на кејот на Вардар и кој го плаќа сето тоа? Дали ангажирањето на странскиот експерт е платено од некоја странска држава која има интерес да се меша во изборите во Македонија или пак, истото е платено во кеш? И едното и другото е кривично дело, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека „со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

