Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога се открива криминал, СДС се вадат дека се загрозува истрагата

Секогаш кога се открива криминал или злоупотреба, СДС се вадат дека се загрозува истрагата или дека се злоупотребува настанот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Испумпувањето на милиони од буџетот преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ неможело да помине без знаење на власта. И кога ВМРО-ДПМНЕ обелодени, тие се вадат дека се попречува истрагата. Не постои сериозен криминал во изминатите 7 години за кој СДС не кажало дека се злоупотребува настанот и ниту еден не е расчистен. За нив најдобро е сите да молчат и никој да не зборува за криминалот кој го прават. СДС тврдеше дека се попречува истрагата за случајот со 200 пасоши издадени на криминалци, видовме како заврши со затвор за шалтерските работници наместо оставка на Спасовски. СДС велеше дека се злоупотребуваат Ласкарци и Беса Транс, гледаме до ден денес нема одговорност од никого. СДС апелираше да не се злоупотребува случајот со Тетовската болница за на крај кабелот да биде крив. Кога беа фатени во случајот Онкологија како профитирале на болни пациенти од рак, велеа да не се злоупотребува случајот, и еве 5 месеци никако да има одговорност за било кого, а криминалот е направен, жртви има, одговорност не. Нема скандал за кој СДС не се брани дека е злоупотреба на настан или попречување на истрага. И нема скандал кој во изминативе 7 години е санкциониран. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, пишува партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.