Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Се врши екоцид – антимакедонската СДС не само што ја уништува Македонија, туку и го труе народот

Власта на СДС и ДУИ се фрлени на криминал и местење тендери. Затоа состојбата со РЕК Битола е во катастрофална и затоа од таму со денови се гледа густ жолт-кафеав чад што е мешавина од пепел и земја. Ова е екоцид за кој мора некој да одговара. Власта треба да одговори дали наместо јаглен се согорува мешавина од земја и јаглен, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Дали со намера да се прикрие аматерското работење со енергетските капацитети, свесно се загрозува здравјето и животите на граѓаните во Битола и битолско?
Каде беа потрошени милионите евра кои ги најавуваа Заев и СДС со кои требаше да се реши загадувањето од РЕК?
Очигледно е дека РЕК Битола во моментот загадува, а поради недозволениот начин на работа се загрозува животната средина и амбиенталниот воздух. Молчат активистите на копче кои не така одамна беа гласни. Лагите на криминалците од власта излегуваат на виделина. Оваа антимакедонска СДС не само што решила да ја уништи Македонија, решила и да го отруе народот, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Седум активни пожари во земјава

Центарот за управување со кризи извести дека во последниот ден, до 8 часот утрово, во земјава се евидентирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, седум се под контрола, а 19 се изгаснати.
Активни се пожарите во: општина Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); општина Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки Рид (гори мешана шума, крак кон с. Градешница); Општина Македонски Брод 4 – село Црешнево (гори ниска вегетација); Општина Штип – село Драгоево и село Селце (гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева); Општина Кочани – село Нивичани (гори ниска шума и трева); Општина Карбинци – село Јунузлија (гори шума); Општина Зелениково – село Гумалево (гори ниска вегетација).
Седум пожари се под контрола: Општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, м.в. Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација); Општина Македонски Брод – село Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева); Македонски Брод 1 – помеѓу село Локвица и село Крапа (деградирана дабова шума, грмушки, ниска вегетација); Македонски Брод 2 – село Грешница (мешана шума и сува трева); Македонски Брод 3 – село Латово (мешана шума); Општина Ресен – село Долно Перово (трска и ниска вегетација); Општина Желино – меѓу село Церово и село Групчин (нискостеблеста и деградирана шума).
Како што информираше ЦУК, изгасени се 19 пожари.
Македонија
„Лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ оштетуваат околу 𝟥𝟤𝟢 илјади пензионери“, велат од НСДП

„ВМРО-ДПМНЕ со линеарното зголемување на пензиите ги манипулира пензионерите за изборни цели и оштетува околу 320 илјади пензионери. Со законските измени предложени од Владата, а кои ги изгласа Собранието пензионерите ќе добијат пониски пензии од она што би требало да биде реален пораст на пензиите во септември“, велат од НСДП.
„За НСДП единствен правилен, праведен и законски начин на пресметување на пензиите е покачувањето на пензиите согласно формулата: 50% индекс на раст на платите, 50% индекс на пораст на трошоците за живот.
Пензионерите со најниски пензии со формулата 50/50 би добиле исто покачување на пензиите како и со линеарното со кое владејачките партии ги лажат и манипулираат, а сите пензионери со повисоки пензии се оштетени за дополнителни од 100 до 3500 денари, кои би ги добиле со септемвриското усогласување на пензиите.
Очигледно ВМРО-ДПМНЕ ги нема за приоритет пензионерите, работниците и граѓаните кои што чесно заработуваат од својот труд, па заради тоа се служат со манипулации при пресметката на пензиите, затоа економско-социјалниот совет е блокиран и сеуште нема утврдена минимална потрошувачка кошничка, растот на платите е сопрен, а граѓаните секој ден живеат се потешко и едвај преживуваат од први до први.
Редно време е власта да намали со луксузирањето, да намали на трошоците за пропаганда и искривување на реалноста во која живееме, да намали на бесполезните прошетки во странство, на пензионерите и граѓаните им требаат реални мерки за поддршка од скапотијата и високите цени“, се наведува во соопштението на НСДП.
Македонија
„Братството на Заев и Пендаровски со Борисов ја чинеше Македонија бришење на идентитетот и јазикот, чија агенда спроведува СДС и Филипче“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Миленикот на Стево Пендаровски и „братот“ на Зоран Заев, Бојко Борисов се пофали дека тој лично стои зад предлогот за бришење на македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Резолуцијата на Европскиот парламент“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Поданичката политика на Заев и СДС во надворешната политика кои наместо да ја штитат државата и националните интереси, ја доведоа државата во ќорсокак, како и можност за понатамошна блокада од страна на Бугарија со дополнителни барања.
СДС, Заев и Филипче со својата сервилност отидоа дотаму што отворено покажуваат дека се спремни и да се откажат од националните обележја, само да дојдат повторно на власт.
Дали СДС, Заев и Филипче се директно вмешани во иницијативата која ја понижи Македонија?
Со оглед на фактот дека Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ се исти како и јазиците, се поставува прашањето дали СДС стои позади оваа антимакедонска иницијатива?
СДС делува како заштитник на бугарскиот наратив а во тоа секојдневно се приклучува по некој кој е дел од нивните структури, последен во низата е Андреј Жерновски.
Наместо конструктивна опозиција и лобирање во насока на заштита на македонските државни интереси, СДС повторно избра да брани туѓи агенди и да ги штити бугарските интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.