Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Слугата Ковачевски ќе стане за да седне стопанот од ДУИ, Талат
СДС и Ковачевски како дезертер од АРМ поддржуваат премиер да биде Талат Џафери кој дезертираше од македонската армија, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Ковачевски поддржуваат премиер да биде лице кое го блокираше законот за македонските бранители.
СДС и Ковачевски поддржуваат премиер да биде лице коe од позиција на претседател на Собранието со навреди, пцовки им се обраќаше на собраниските службеници. Сите можеа да го видат примитивното однесување на Џафери.
СДС и Ковачевски прифаќаат и поддржуваат премиер да биде лице кое ги крши собраниските процедури, Деловникот за работа на Собранието, и го користи европското знаменце само кога треба да се донесе закон кој е во интерес само на помала група на луѓе блиска до ДУИ.
ДУИ целосно се криминализира изминатите 6 години.
ДУИ ги избрка и Македонците и Албанците од Македонија.
Ковачевски кој нема легитимитет ќе го наследи Талат Џафери, кој исто како него нема легитимитет.
СДС и ДУИ од премиерското место направија фотелја за поткусурување, државата е заложник на партиските пазарења.СДС и ДУИ се дувло на криминал. Тие почнаа да се пазарат и за премиерската фотелја.
Ковачевски покажа дека е слуга во владата од која на 28ми јануари следната година ќе се исели од премиерскиот кабинет за да се смести неговиот стопан од ДУИ, Талат Џафери“, пишува партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка
Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба.
„Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија.
Градбата на оваа траса изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите.
Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот успех во градбата на тунелите.
Верувам дека и во другите сегменти од градбата за многу скоро од денес ќе почнат да бележат успех“, напиша Ивановски.
Македонија
Герасимовски: На буџетскиот форум центарци побараа повеќе зеленило и уредување на потегот кај Зелен пазар
Општина Центар го одржа вториот буџетски форум, каде граѓаните покажаа голем интерес и активно учествуваа во дефинирањето на приоритетите за 2026 година. Форумот, што се одржа во ООУ „Димитар Миладинов“, помина во конструктивна атмосфера со отворена дискусија меѓу администрацијата, раководството на општината, советниците и присутните жители, велат од општина Центар.
Граѓаните предлагаа иницијативи и проекти што им се потребни во секојдневието, што уште еднаш потврдува дека буџетот се гради транспарентно, отчетно и со директно учество на заедницата, извести Општината.

„Гласот на граѓаните и нивните потреби се важни. Тие најдобро знаат што недостига во нивните маала. Нашата работа е да го слушаме секој предлог и да го преточиме во реални проекти“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски, кој пред присутните презентираше што е реализирано во 2025 и плановите за наредната година.
„На работните маси поделени по сектори, граѓаните доставија свои предлози и барања. Во комуналната сфера се дискутираше за хортикултурно и партерно уредување на просторот кај Зелен пазар, санација на подземните гаражи, зголемување и подобро одржување на зелените површини и збогатување на населбите со урбана опрема.

Во областа на образованието беа истакнати потребите за реконструкција на училишните дворови, санација на покриви каде што има протекувања и поставување лифтови во училиштата каде што има реална потреба за подобра пристапност.
Во културата, пак, беа предложени интерактивни аудиовизуелни проекти за ученици, мобилни галерии, скулптурни инсталации и активности со кои се поттикнува креативноста и се збогатува јавниот простор.

Дополнително, дел од управителите побараа санирање на фасадите, по што општинската администрација информира дека во Буџетот на Општина Центар се предвидени субвенции за нивна обнова. Поддршката изнесува 30%, а секоја станбена заедница може да аплицира за финансиска поддршка до 1.000.000 денари, поднесена од заедницата на станари или од мнозинството сопственици.
Жителите околу Зелен пазар го отворија и прашањето за дивите пазарџии, за што градоначалникот посочи дека е потребна засилена инспекција, но и заедничка и координирана акција на повеќе институции, меѓу кои и МВР и Државен Пазарен Инспекторат, за трајно решавање на проблемот.

Форумите, заедно со анкетниот прашалник, се најважните механизми преку кои Општина Центар ги идентификува потребите на граѓаните, обезбедувајќи секој предлог да биде разгледан и да се креира буџет што ги одразува реалните приоритети на заедницата“, се наведува во соопштението на општина Центар.
Македонија
ССНМ: Нападите врз медиумите се недозволиви, институциите итно да реагираат
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро го осудува синоќешниот насилен упад во редакцијата на Инфомакс и бара неодложна реакција на институциите.
„Нападите врз новинарите и медиумските работници, а особено напади директно во редакции претставуваат сериозна закана за слободата на изразување и правото на граѓаните да бидат информирани.
Според пријавата од Инфомакс, вчера доцна вечерта додека во живо одел поткастот „Тешки муабети“, непознато лице упаднало во редакцијата кршејќи неколку врати, се заканувало и се обидело физички да се пресмета со новинарите“, велат од ССНМ.
„Лицето најпрво почна да навредува, да се заканува по живот за потоа да ја скрши вратата од дворот која е со шифра, а потоа ја скрши и влезната врата од студиотo каде се обиде физички да се пресмета со присутните“, објави Инфомакс.
„Според уредникот на Инфомакс, Александар Митовски била повикана полиција, а против напаѓачот ќе биде поднесена кривична пријава за напад врз службено лице.
Како што објави Министерството за внатрешни работи, напаѓачот бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по брза постапка.
Напад врз новинари и медиумски работници, како и попречување на нивната работа за известување на јавноста потпаѓа под член 382 од Кривичниот законик – Спречување службено лице во вршење службено дејствие. За дела кои ги опфаќа овој член предвидени се казни до три години затвор.
ССНМ предупредува дека ваквите напади претставуваат не само опасност за физичката безбедност на новинарите и медиумските работници, туку претставуваат и напад врз јавниот интерес и слободата на говор и на изразување кои се столбови на демократските општества.
Ги повикуваме институциите ефикасно и брзо да реагираат и во понатамошниот дел од постапката, бидејќи неказнивоста на вакви дела против слободата на медиумите претставува охрабрување на понатамошни напади и создава небезбедна атмосфера за работа на новинарите и медиумските работници“, се додава во соопштението на ССНМ.

