Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Димитровски треба да го истражи МВР
Случајот со Томислав Димитровски е приватна случка, која МВР треба да ја истражи и да постапи согласно закон, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ, кој денеска рече дека ексамбасадорот Томислав Димитровски кој впери пушка кон сосед е советник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ на Костадинов му порачаа наместо да држи празни прес конференции, да го праша Зоран Заев до каде е пресудата за случајот Монструм и зошто дозволил еден од убијците да избега. Од ВМРО-ДПМНЕ истотака прашуваат и до каде е истрагата за убиецот на Мартин Јанушев, како и истрагата за напаѓачите од Рузвелтова.
„Граѓаните очекуваат и истраги и процесуирање на криминалите на оваа власт, но тоа СДСМ не може да го спроведе, тоа ќе го спроведе новата влада на ВМРО-ДПМНЕ по 12 април. Кога секој што се огрешил кон законите ќе одговара за стореното“, додава ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

