Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Снимката е најголем доказ дека Заев бара поткуп
Заев е фатен флагрантно како бара поткуп, а за тоа нема поголем доказ од снимката на која се гледа како дрско бара 200.000 евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на премиерот Зоран Заев, кој денеска пред судот рече дека одредени политички структури го местеле за поткуп со цел да го спречат објавувањето на бомбите во јавност.
„Јавноста го слушна Заев како бесрамно кажува дека земањето мито за легализација на земјиште е пракса во Струмица и дека многу луѓе требало да платат за да легализираат. Заев прави пародија од судот и правосудните органи, со години го влече процесот против него. Првин му се закануваше на судот, а сега од позиција на власт рочиштата против него се закажуваат со временска дистанца од по месец дена“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава дека државата е заробена, институциите се злоупотребуваат, а правото не се применува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

