Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со Груби, Деспотовски и Ковачевски милиони се испумпани од државата
„СДС и ДУИ оставија криминал и пустош, ВМРО-ДПМНЕ го рехабилитира системот и владеењето на правото. Изминатиов период на виделина излегоа неколку криминални случаи, од кои јасно се гледа како СДС и ДУИ ја ограбувале државата. Од милионскиот криминал на Артан Груби во Лотарија, преку милионските тендери на Васко Ковачевски во РЕК Битола, до криминалните договори на Јован Деспотовски во ТИРЗ, милиони се испумпани од државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и ДУИ на државните претпријатија гледале како на колач за делење. И додека СДС и ДУИ правеле финансиски криминал во институциите, оставиле на улиците да дивеат банди, кои сега веќе се зад решетки. Презафатеноста со милионските тендери на СДС и ДУИ, наместо со спроведување на законот, допринело криминалци да се пукаат по улици, сето ова сега е минато“, велат од партијата и додаваат:
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ за краток период успеа да покрене постапки за одговорност на голем број криминали, а владеењето на правото функционира. Продолжува борбата со криминалот и корупцијата. Одговорност за секој кој сторил криминал ќе има.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нови 15 милијарди денари за проекти во општините, забрана за нелегалните игри на среќа и реформи во јавната администрација
Премиерот најави нови 15 милијарди денари за проекти во општините, а со закон ќе се забранат нелегалните игри на среќа, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, сублимирајќи ги најавите на премиерот и претседател на владејачката партија, Христијан Мицкоски.
„Општините ќе може да аплицираат за средства за капитални проекти од следната недела. Јавната администрација ќе се реформира во светло на ЕУ интеграцијата.Македонија се трансформира!“, се додава во партиското соопштение.
Македонија
Муртезани на средба со Мати Масикас „Продлабочена соработка со ЕУ во процесот на интеграција“
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба и со Мати Масикас, извршен директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (EEAS).
На средбата беше истакната важноста на стратешките односи меѓу Северна Македонија и Европската Унија, како и континуираната поддршка на ЕУ за реформскиот процес и интеграцијата на земјата. Двете страни разговараа за актуелните предизвици во регионот и пошироко, зајакнувањето на институционалната соработка и спроведувањето на европската агенда.
Министерот Муртезани ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон реформите и стабилноста во регионот, потенцирајќи дека земјата останува конструктивен партнер во процесот на пристапување. Извршниот директор Масикас ја потврди поддршката на EEAS за Северна Македонија и ја нагласи важноста на продлабочената соработка во клучните области поврзани со европската интеграција.
Македонија
Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе по повод 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев, по повод 153-годишнината од неговото раѓање.
Во рамките на државниот настан свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев положија и делегација на Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, претставници на политички партии и граѓански здруженија и претставници на дипломатскиот кор.
По повод 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев панихида служеше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан.