Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и МВР молчат за скандалот со синот на Назим Буши од страв да не им се наруши коалицијата
Оставки од Оливер Спасовски и Назим Буши заради заташкување на случајот со синот на Буши, но и заради сите криминали и скандали во Министерството за внатрешни работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По кој знае кој пат гледаме прикривање на скандали кои се поврзани со високи функционери на ДУИ од стана на Спасовски и МВР. МВР и Спасовски од петни жили се обидуваат да го сокријаот овој скандал, од страв да не се наруши коалицијата на СДС и ДУИ. Целосен молк од стана на МВР и Спасовски на прашањата кои ја интересираат јавноста поврзани со дивеењето низ скопските улици на синот на неговиот заменик во МВР“, се посочува во реакцијата од опозициската партија.
Нема одговори, додаваат од таму, за ургенциите од заменик началникот на СВР Скопје за возилото мерцедес кое беснеело, а воедно и возело со недозволени флешери, нема одговори и зошто полициските службеници биле изманипулирани дека ова возило е службено, а не приватно возило кое го вози синот на Назим Буши.
„Нема ни одговори од страна на македонски телеком дали ова возило му било продадено, токму на Назим Буши, за истиот да го подари на битолска фирма која е во сопственост на блиски роднини на Назим Буши. Одговорите на овие прашања се наоѓаат во евидинцијата на МВР, ама од таму ни трага ни глас. Одговорност за овој скандал, како и за многу други поврзани со киднапираното Министерство за внатрешни работи ќе има“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

