Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски се прави слеп пред криминалот кој царува по улиците
ВМРО-ДПМНЕ реагира по денешнните изјави на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, критикувајќи го дека лаже и се служи со манипулации.
„Спасовски без контакт со реалноста се обидува да ги убеди граѓаните дека во Македонија тече мед и млеко. Вистината народот ја чуствува на својот грб и по својот џеб. Секој ден растат трошоците за живот, расте цената на горивата, платите и пензиите стагнираат, па дури и реално нивната вредност опаѓа. Сите тоа го гледаат освен Оливер кој се прави при очи слеп. Тоа му е извежбана способност, бидејќи цело време се прави слеп пред криминалот кој царува по улиците, за несанкционираните убиства, рекети и матни бизниси на криминалниот картел на власт“, гласи ставот на ВМРО-ДПМНЕ, во реакцијата.
Понатаму, најголемата опизициска партија тврди дека Македонија тоне во сиромаштија и криминал, а секој револт на граѓаните, власта на СДСМ го угушува со солзавец, шок бомби, гумени куршуми и монтирани судски случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

