Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Стани Цаци, Јово грант, доктор тендер корона Филипче – нема кандидат за претседател на СДС што не е поврзан со криминал
„Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани Цаци и Јово грант.
Нема кандидат за претседател на СДС кој не е поврзан со криминал или неспособност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека Венко Филипче ќе остане запаметен како човекот кој како министер во ек на корона бркаше провизии од вакцини, по матните тендери за реагенси, набавките во четири очи и колабрираното здравство.
„Славјанка Петровска ќе остане запаметена по луксузната хациенда која ја криеше, и Ковачевски кој ја стануваше на сред митинг да ја видат сите која е.
Јово Деспотовски е директорот на ФИТР кој штанцаше грантови за се и сешто, истиот фонд од кој се делеа пари за обуки на магариња.
И Филипче и Петровска и Деспотовски се поврзуваат со криминалите и неспособноста на Заев и Ковачевски. СДС целосно да се реформира“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

