Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Стопанството губи над 1 милион евра дневно плаќајќи скапа струја поради Ковачевски
„Стопанството губи над 1 милион евра дневно плаќајќи скапа струја поради Ковачевски.
Владата на антимакедонскиот СДС, за да може да прави криминал, увезува скапа струја наместо да произведува во домашните капацитети по далеку пониски цени.
ТЕЦ „Неготино“ работи со капацитет од 90 мегавати и неискористени се 130 мегавати. Тоа е струја што се увезува од странство по берзански цени, а може да се произведе во Македонија по цена од 150 до 170 евра за мегават-час. Со тоа фирмите би плаќале струја нешто над 200 евра за мегават-час. И ќе заштедат четирикратно.
Антимакедонскиот СДС не произведува доволно струја и не го користи ТЕЦ „Неготино“ да произведе струја за бизнисот затоа што навреме не набави мазут.
Кога сите во регионот и Европа се снабдуваа со гас, нафтени деривати и мазут, Ковачевски ги распродаваше историјата и идентитетот наместо да фати и да ја подготви државата за тешката зима што доаѓа.
Струјата на светските берзи ќе станува сè поскапа, а антимакедонскиот СДС нема план како да им помогне на фирмите. Го прашуваме Ковачевски да каже што планира и како ќе му помогне на стопанството? Ако повторно задоцни, штетите ќе бидат преголеми.
ВМРО-ДПМНЕ уште пред половина година рече што треба да направи Владата за да го спречи ценовниот шок кај струјата, но суетата на Ковачевски не му дозволува да имплементира совети на ВМРО-ДПМНЕ и додека тој се бори сам со себе, Македонија тоне.
Стопанството губи над 1 милион евра дневно плаќајќи скапа струја поради Ковачевски.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.
Македонија
Магла во утринските часови, сончево со умерена облачност преку ден
Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува периодот стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла
Македонија
Магла во околината на Демир Капија, умерен интензитет на сообраќај на патните правци
Појава на магла и намалена видливост до 60 метри во околината на Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

