Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Судијата Пајазити остави простор Рамадани да избега, не постапувал во согласност со законот и веднаш треба да се разреши
Судијата Пајазит Пајазити остави простор Блерим Рамадани да избега или наместо ефективен притвор, тој му определи куќен притвор, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Судијата Пајазит Пајазити го осуди условно Иџет Мемети, наместо со казна затвор, кој призна дека земал поткуп за да влијае за поблага казна за Боро Марлборо.
Судијата Пајазити треба да одговара бидејќи направи огромни грешки и во случајот со Рамадани и со Мемети.
Јасно е дека Пајазити не постапува по закон. Оттука јасно е дека Пајазити не смее да биде судија, а надлежните институции треба да го разрешат“, бараат од оваа партија.
Доколку, како што велат, не се санкционира Пајазити, довербата во правосудството дополнително ќе се намалува.
Денес, како што најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ, јавноста ќе биде информирана со нови сознанија за случајот Пајазити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

