Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што вети пред да дојде на власт СДСМ погази
СДСМ сѐ што вети пред да дојде на власт погази, велат од опозицијата преку соопштение. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека даноците се зголемени, а бизнисите се селат во соседните земји. Додавa дека пензијата е покачена за само 36 денари, а нереализирани се и ветувањата за 500 километри автопат.
„Инвеститорите си бегаат од Република Македонија, а пример за тоа е изведувачот од шпанската компанија „Рубау“. Тие се спакуваа, ја напуштија и ја тужат Македонија за десетици милиони евра оштета.
Ветуваа правда и мир, а нарачките им ги извршуваат обвинители, судии коишто се длабоко со рацете во криминал фатени. Русковска обвинителство го заврши случајот „Рекет“ со само тројца осомничени коишто го направиле сето ова, го осмислиле и прибрале милиони евра. Русковска обвинителство ги заштити функционерите од власта со прикривање на докази.
Целокупните политики на криминогената влада се само како да направат за нив и за блиските до нив да им биде добро.
Потребна е генерација која што не ветува чуда, генерација која што сака да биде слуга на народот и која што заедно со граѓаните може да покаже дека Македонија можела поинаку и дека Македонија има капацитет за поинаку од ова темнило кое што денеска е секојдневие.
Време е да се врати достоинството на Македонија. Потребна е обнова на Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

