Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Сoцијалдемократскиот сојуз ги лаже граѓаните за рудникот Иловица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/ilovica.jpg)
СДС води лицемерна и неискрена политика. Ги лажеше граѓаните во струмичкиот регион дека нема да дозволи изградба на рудник во Иловица, но кога Дестани влезе во „Еуромакс ресурсис“ го променија ставот, велат од ВМРО-ДПМНЕ прку соопштение.
„Велеа дека не знаеле и дека некој ги измамил на владина седница, за после да се открие дека не само што знаеле еден ден однапред, дека ги имале сите материјали, туку и дека дебатирале на таа тема. Истите тие откако донесоа одлука со која отворија врата за рудник во Иловица, после тоа без грам срам излегоа да протестираат со граѓаните.
Оваа политичка шизофренија на СДС ја навредува интелигенцијата на граѓаните. Во моментот кога Дестани, кој важи за бизнисмен близок на ДУИ, влезе во бизнисот со рудници, владата на СДС ја оживеа идејата за рудник во Иловица. СДС им должи на граѓаните одговор, дали со овој потег го спасуваат владиното мнозинство? Дали со овој потег покорно ги исполнуваат бизнис насоките на доминантниот партнер во владата, ДУИ? Зошто досега не се одзема едната концесија за експлоатација на „Еуромакс“, која е спорна?“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Познат идентитетот на Македонката која загина во тешка сообраќајна незгода во Грција, тешко повредени уште две девојки
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/soobrakajka-grcija.jpg)
Министерството за надворешни работи соопшти дека денеска во 12 часот по локално време, на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот.
„Претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата.
Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што се соодветно хоспитализирани“, соопшти МНР.
Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома.
Македонија
(Видео) Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожар во кичевско
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/pozar-mkd.jpg)
Денеска хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот на отворено во атар на село Цер во општина Кичево, извести МВР.
Хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и го стопира кракот што се наближуваше да зафати букова шума, соопшти МВР.
Македонија
Топлото време продолжува и во наредните денови, утре температурите до 40 степени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/toploten-bran-sad.jpg)
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Во деновите од викендот нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.