Македонија
ВМРО-ДПМНЕ тврди: Реновиравме,не се луксузиравме во Министерството за одбрана
ВМРО-ДПМНЕ реагира на брифинг во Министерството за одбрана тврдејќи дека буџетот на оваа институција е во добра кондиција и дека мебелот што се набавувал бил неопходен поради модернизација на еден спрат од Министерството.
„Вкупниот буџет на Министеството за одбрана заклучно со мај беше во добра кондиција, односно има доволно средства за извршување на сите функции на одбраната. Точно е дека на ставката расходи за дневници за ангажманот на АРМ на јужната граница како и за стражарска служба се потрошени повеќе од планираните и затоа уште во април е побарано пренамена на средства од други ставки. Тоа е техничка операција, која Министерството за финансии, формално треба да ја одобри, бидејќи има доволно средства на другите ставки во буџетот.
Во поглед на трошоците за мебел, како што и е познато на јавноста во март оваа година се пушти во употреба новиот дограден спрат на Министерството за одбрана и сосема нормално е да се набави нов мебел за над 50-тина нови канцеларии. Сите средства од буџетот се потрошени за подобрување на условите во кои работат лицата во Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ. Ниту еден денар не е потрошен за опремување на кабинетот на министерот за одбрана, заменик министерот, ниту пак советниците на министерот.
Во поглед на четирите договори за модернизација кои беа поништени тоа е сторено врз основа на две писмени барања на началникот на Генералштабот на АРМ. Опремата што требаше да се набави со овие договори беше во согласност со спецификациите добиени од Генералштабот на АРМ. Ова е потврдено од извештаите на Комисиите за техничка евалуација на добиените понуди, составена од официри од АРМ. По финансиската евалуација беа потпишани гореспоменатите договори со најповолниот понудувач. Со цел да се надминат дополнителните промени што ги побара Генералштабот на АРМ се реализирани над десетина состаноци на претставници на ГШ на АРМ и Елбит во периодот од септември 2016 до мај 2017.
По двете писма добиени од началникот на Генералштабот на АРМ и состаноците со компанијата која беше избрана како најповолна, беше очигледно дека ГШ на АРМ не беше подготвен да влезе во последната фаза, односно имплементација на договорите. По извештајите на работните групи за имплементација на договорите на последните средби беше донесен заклучок дека е најдобро да се поништат овие договори. Со компанијата Елбит беше договорено дека нема да има никакви негативни финансиски имликации врз Министерството“, стои во реакцијата на оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

