Македонија
ВМРО-ДПМНЕ требаше да се извини за 27 април, наместо извинување, гледаме наградување, вели Ковачевски

Во своето обраќање на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, порача дека тој денеска очекувал некој од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се извини за 27 април, но на крајот не само што нема извинување од опозициската партија, туку има и наградување на лицата што го сториле насилството.
„Очекував дека на денешниот ден, 27 април, некој од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да стане и конечно да се извини за најгрозоморниот чин што се има случено во ова Собрание кога на најкрвав начин беа тепани пратеници и други службеници во Собранието, само со цел да се задржи власта. Меѓутоа, еве шест години по ред извинувања нема, но, напротив, од страна на ВМРО-ДПМНЕ има наградување со финансиски средства од буџетот на оние што го извршија тој чин“, порача претседателот Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пак горат огнови во државава, активни четири пожари

„На територијата на државата денеска до 13 часот имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири пожари и изгаснати четири пожари,“ информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод, каде гори мешана шума, потоа пожарот во село Рамановце во Општина Куманово, каде гори стрниште, пожарот на депонија во во атарот на село Бучин во Општина Крушево и пожарот на стрниште помеѓу селата Копаница и Рашче во Општина Сарај.
Изгаснати се пожарите помеѓу селата Биџево и Ливада во Општина Струга, кај село Балиндол во Општина Гостивар, покрај патот Гевгелија – Богданци во Општина Гевгелија и кај село Ерџелија во Општина Свети Николе.
Македонија
На 12 и на 14 август ќе биде полагањето на двата екстерни испита од државната матура

Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не во целост, ќе се полагаат на 12 и на 14 август.
Во вторник (12 август) ќе биде тестирањето по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а два дена подоцна (14 август) е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика).
Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за двата испитни дена вкупно се пријавени 1118 ученици. Од нив, 352 ќе полагаат македонски јазик, 225 – албански јазик, девет – турски јазик. Англиски ќе полагаат 779, еден ученик ќе полага француски јазик, двајца – германски јазик, 27 – математика и еден матурант е пријавен да го полага испитот по естетика.
Според видот на образование, од гиманзиско ќе полагаат 265 ученици, средно стручно – 835 и 18 од средно уметничко образование. Испитите во августовскиот рок кандидатите ќе ги полагаат во простории на факултетите.
МОН и ДИЦ пред пет дена ги соопштија резултатите од спроведената државна матура во јуни кои се подобри од минатата учебна година. Посечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита во јунската сесија е 3.69 и е повисок од минатата година кога средната оценка беше 3.26. Поголем успех е забележан кај мајчините јазици и кај други предмети, а особено по математика за кој средната оценка е 4.14.
Пријавени за полагање во јунскиот рок беа 15.004 ученици. Поради обиди за препишување, употреба на електронски уреди и други неправилности, поништени биле тестовите на 172 ученици.
Македонија
СДСМ: Тошковски да не го заташкува случајот со постапувањето на полицијата во Демир Хисар

Социјалдеморкатскиот сојуз на Македонија (СДСМ) бара Обвинителството да постапи и да го испита постапувањето на полицијата во Демир Хисар за време на претресот во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“, Маја Лозановска, конкретно за постапката на началникот кој барал таа да биде одведена на разговор во полициска станица иако за тоа не постоел обвинителен налог.
Партијата бара министерот Панче Тошковски да не го заташкува случајот со најавата дека постапувањето на полицијата е предмет на истрага на внатрешната контрола при МВР и бара началникот да биде разрешен, а МВР да му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето.
„Откако Обвинителството вчера јасно потврди дека немало наредба ниту налог за приведување на директорката, денес бараме Обвинителството итно да покрене постапка за кривична одговорност на партискиот послушник – началникот Роберт Мартиновски. Целиот случај со прогонот на Лозановска мора да биде санкциониран. Одговорност мора да понесе и Панче Тошковски затоа што тој е виновен за началниците кои ги назначува“, велат од СДСМ.
Опозиционерите обвинија дека началникот во Демир Хисар е човек на Тошковски и е поставен на оваа позиција од првиот ден на неговото доаѓање на министерската функција, и дека, како што велат, очигледно е ударната тупаница на ВМРО-ДПМНЕ за заплашување и малтретирање на граѓаните пред избори.
„Инспекторот Ѓорѓи Митревски, кој бил унапреден истиот ден кога се случил настанот, наместо да раководи со претресот, му дозволил на Мартиновски да го преземе водењето. Прашуваме – по чиј налог? Дали по налог на некој близок до Тошковски за да се врши терор? Што уште треба да се случи за Тошковски да понесе одговорност за распадот и злоупотребите што ги прави полицијата? Дали со тоа потврдува дека овој случај е под негов диктат? Дали ќе се огради директно од Мартиновски и ќе покрене кривична постапка против својот началник?“, додаваат од опозициската партија.