Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Убиството на заштитените кафеави мечки директна последица на нефунционалноста и криминогеноста на Општина Маврово Ростуше и Националниот парк Маврово
Убиството на заштитените со закон кафеави мечки е директна последица на нефункционирањето и негрижата на Националниот парк Маврово под раководството на партискиот кадар на власта Семир Адини и општината Маврово Ростуше Медат Куртовски, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Комуналното претпријатие на општината во континуитет, и покрај апелите на жителите на Мавровско Реканскиот крај не реагира на создавањето на бројните диви депонии кои меѓудругото привлекуваат диви животни. Од друга страна Националниот парк Маврово наместо кон заштита на животната средина е ориентирано кон правење на бизнис, прекумерна и криминална сеча на дрва, како и ловокрадство пред кое во континитет се замижува.
Секаде во светот кафеавите мечки се заштитуваат, само во Македонија тие се убиваат. Секаде во светот Националниот парк ја штити природата, само во Македоника се прави бизнис од нејзиното уништување. Националниот парк Маврово оваа влаат го направи бизнис машина за интересите на локални моќници. Јавна тајна е дивата сеча на дрва во најзелените краеви на Македонија. Сегашните власти треба да знаат дека ќе одговараат за сите сомнежи за криминал и незаконско работење. Нивната неспособност и криминогеност е на штета на сите граѓани.
Бараме од институциите ОЈО МВР и Инспекторатот за заштита на животна средина, да бидат превземени сите мерки за Целосно расчистивање на случајот, со цел да не ни се побторуваат вакви или слични ситуации!“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викедов преку ден топло, а попладне нестабилно со дождови и град
Во следните денови времето ќе биде значително потопло, но во попладневните часови наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, јавува УХМР.
Од управата прогнозираат дека локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Во Скопје во следните денови сончево и топло, во попладневните часови во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за краткотрајно невреме.
УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Македонија
Османи во Стразбур: Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците
Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, се обрати на 133-тата сесија на комитетот на министрите на Советот на Европа во Стразбур, при што ја истакна улогата на мултилатерализмот при справување со тековните многубројни предизвици.
„Покрај сите свои пропусти, мултилатерализмот останува единствениот начин да се мобилизира колективен одговор кон војни, кризи, вонредни ситуации и неспоредливи предизвици од разна природа. Советот на Европа останува суштински столб во тој поглед. Сепак, ние, земјите членки, ја носиме одговорноста за неговата ефикасност“, истакна Османи.
На 75-годишнината од постоење, Советот на Европа со нејзините норми и стандарди придонесе за подобрување на животот на граѓаните, чување на човековите права и негување на демократијата и владеењето на правото, рече Османи и го поздрави денешното усвојување на рамковната Конвенција за вештачка интелигенција, човекови права, демократија и владеење на правото, како прв меѓународен инструмент во оваа област.
„Блиската соработка со другите меѓународни организации, особено со ЕУ, ОН и ОБСЕ, при решавање на заедничките проблеми, е од особено значење“, додаде Османи.
За време на престојот во Стразбур, Османи ќе оствари и многубројни средби со свои колеги од разни земји.
Скопје
Уште 20 нови дигитални услуги на интернет-страницата на Општина Кисела Вода
Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби, поставување директни прашања до градоначалникот или до советниците се едни од 20 нови дигитални услуги што Општината Кисела Вода ги воведе денеска.
Овие услуги се достапни на новата општинска интернет-страница и со ова продолжува дигитализацијата на Општината почната пред речиси две години.
„Дигитализацијата на Општината претставува значаен чекор кон подобрување на транспарентноста, отвореноста и ефикасноста на локалната самоуправа. Воведувањето дигитални услуги овозможува значително олеснување на процедурите за граѓаните и бизнис-заедницата и истовремено го намалува ризикот од коруптивни дејства. Овие промени ја поставуваат основата за една модерна, ефективна и отворена општина, која е насочена кон потребите на своите граѓани“, изјави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Со новите услуги ќе биде овозможено следење на системот на јавни набавки, плаќање на такси поврзани со Општината.
„Нема да има повеќе уписи преку врски во градинки. Родителот од дома ќе може да аплицира, да наведе за која градинка е заинтересиран и за неа да аплицира. Со тоа и ние како локална самоуправа точно ќе знаеме во секој момент колкав број деца има за упис, каде има потреба од отворање дополнителни капацитети. Преку апликациите ‘Прашај го градоначалникот’ и ‘Прашај го својот советник’ нашите жители ќе може да комуницираат во прво лице со лицата што ги избрале да ги решаваат нивните проблеми“, додаде Ѓорѓиевски.