Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Фирма во сопственост на странски конзул и колега на Ковачевски добива тендери во износ од 40 милиони евра за лиценци за комјутерски програми
„Димитар Ковачевски на својот пријател и колега Марко Андонов преку фирмата Аитоникс директно преку два тендери му дава 40 милиони евра. Два тендера за софтверски лиценци во рок од 3 години, најпрвно 15 милиони евра во 2020 година и 25 милиони евра во 2023 година“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Фирмата Аитоникс е во сопственост на Марко Андонов, кои владата го именувала за почесен конзул Грузија во Македонија, тоа значи дека истиот добива дипломатски статус со задача да ги промовира интересите на странска влада која го назначува.
Тендерите кои фирмата Аитоникс ги добива се за лиценци за компјутерски програми и со тоа би требало да гарантираат сајбер безбедност.
Како фирма која ја води конзул на друга држава би гарантирала сајбер безбедност во Македонија?
Тотална неспособност и забеганост на владата на ДУИ и СДС е пресликана во целосната незбедност од сајбер напади врз државните институции кога блиски луѓе на Ковачевски ги добиваат тендерите кои треба да обезбедат безбедност на системите во Македонија.
Владата на Ковачевски плаќа 40 милиони евра за софтвери за лиценци на фирма која ја води конзул на друга држава, а цела година училиштата беа цел на сајбер напади.
Институциите треба да се одважат и да постапат за овој случај, каде конзул на друга држава во Македонија добива тендери во износ од над 40 милиони евра. Тендери во кои постојат сериозни индиции за влијание и корупција“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе се движи од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Македонија
ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај
Државната изборна комисија (ДИК) денеска, на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1.194 и 1.202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино. Гласањето ќе се одржи идната среда, на 22 мај 2024 година.
ДИК на седницата ги разреши и претседателите на избирачките одбори, членовите и нивните заменици во избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина Желино.
Со оглед дека се кратки роковите за избор на нови избирачки одбори, за да биде регуларно прегласувањето, општинските изборни комисии (ОИК) ќе треба да ангажираат некои од веќе постојните избирачки одбори, или од најблиските избирачки места или некои други, и за тоа ќе треба да достават известување до ДИК.
Кампањата за повторното гласање ќе трае до понеделник, 20 мај, 00.00 часот. Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица, ќе нема можност да се пријавуваат нови.
Според ДИК, има можност за измени и предлози за овластени претставници на кандидати. Тоа важи и за членовите на избирачките одбори кои се предложени од политичките партии.
Македонија
Кацарска ја чува обезбедување, денес добила закани дека „страшно ќе одговара“
Непознато лице денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. По инцидентот интервенирало нејзиното обезбедување.
„Полициски службеници од полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите ‘ќе одговараш, страшно ќе одговараш’. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Пред неколку дена во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на Кацарска.
Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.