Македонија
СДСМ: Хајката против американската „Бехтел“ ја води Мицкоски, последниот претставник на црвената буржоазија

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица водат хајка против најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава, стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10д и против реномираната американска компанија „Бехтел“, соопшти СДСМ.
„Проектот е вреден 1,3 милијарди евра, од кои најмалку 600 милиони евра ќе завршат кај наши домашни компании. Со невистини и спинови Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа против реализација на овој проект важен за развојот на земјата. Мицкоски не знае што е ниту градежништво ниту градба, тој е последен претставник на Црвената буржоазија.
Мицкоски кариерата ја започнал кај својот татко на факултет, каде бил асистент токму кај својот родител, а потоа таму бил и вработен. Ништо сам во животот нема направено. Една шајка во животот нема заковано, освен онаа лажната во рекламен спот во 2020 година кога и ги загуби изборите. Мицкоски е последен што може да зборува за проекти, за градење и градежништво“ порачаа од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:00 – 15:00 часот, корисниците од улицата 9 во населба Илинден. (Општина Илинден)
Македонија
Сончево и топло време, максималната температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Времето во наредните денови
Во среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од четврток до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.
Македонија
Меџити го претстави мега-спортскиот проект во Чаир

Првиот Заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, воедно и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денес го претстави најголемиот спортски проект во историјата на Чаир, трансформација на напуштениот базен во нов, модерен спортски и рекреативен центар.
Овој амбициозен проект, конципиран по примерот на познатите спортски центри „Јане Сандански“ во Аеродром и „Борис Трајковски“ во Карпош, има за цел да донесе мултифункционален центар според европски стандарди, во срцето на Чаир.
„Комплексот ќе содржи: голема спортска сала за ракомет, одбојка и кошарка со капацитет од над 3.000 гледачи, затворен фитнес центар, сали за пинг-понг и боречки спортови како карате и бокс; како и надворешни игралишта за мал фудбал и две кошаркарски игралишта – отворени и достапни за сите граѓани”, информираше Меџити.
Според него, проектот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство, при што Општина Чаир ќе ги обезбеди сите правни и институционални предуслови во целосна соработка со централната власт.
„Инвеститорот што ќе биде избран, ќе има обврска да изгради центар што ги исполнува современите стандарди и да понуди одржлив модел на функционирање. За возврат, ќе има право да го користи комплексот во рок од 20 до 30 години“, изјави Меџити.
Тој додаде дека по истекот на тој период, овој модерен спортски и рекреативен центар ќе стане целосна сопственост на Општина Чаир и на сите наши граѓани. Со одлука на Влада на РСМ е дадено на трајно користење на Општина Чаир и Општината може да управува односно да ги спроведе сите процедури кои се потребни за реализација на овој проект.
Време е и Чаир да добие спортски центар од европски ранг, порача Меџити за време на презентацијата.