Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Владата решија да ја спасуваат шумата откако ја исекоа
Никаде во светот прво не се сече шума, а дури потоа да се бара решение, реагира опозицијата по прес-конференцијата во Владата за изградбата на магистралниот гасовод.
„СДСМ, Шилегов и владата не само што лажат туку и сушат. Откако ја исекоа шумата на Водно за поставување на трасата на гасоводот се решија дека треба да ја спасуваат. СДСМ ветуваше живот и воздух за сите, а сега гледаме како се сечат повеќедецениските дрва. Штетата е направена. Ништо и никој нема да може да ги врати дрвата што ги исекоа. На граѓаните им е преку глава од лажните и неисполнети ветувања“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата понатаму им порачува на функционерите ако не знаат како треба да работат и да се справат со проблемите, да си поднесат оставка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

