Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира уставните измени
ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група донесоа одлука да не учествуваат во процесот на уставните измени, истакна на прес-конференција пратеникот Антонијо Милошоски, нагласувајќи дека се против уставни амандмани.
„Нема да дадеме легитимитет на оваа фарса. Оние кои ветиле да го направат тоа го кршат Уставот. Ние нема да бидеме дел од неа“ , рече Милошоски.
Тој нагласи дека процесот на измените е спротивен на народната волја изразена на референдумот.
„И ние ја почитуваме, тоа е наша обврска, затоа што народот ни ја даде довербата“, порача Милошоски.
На прашањето каков е неговиот коментар за тоа што меѓународната заедница даде поддршка на договорот од Преспа, како и за денешната изјава на американскиот дипломат Џон Саливан, Милошоски рече дека треба да се прави разлика од изјава од претставник на меѓународната заедница и волјата на народот.
Додаде дека иста била состојбата и во 2004 година, кога требало да се направи територијална поделба, тие не се воделе по она што го налагале странците, туку граѓаните.
Остануваат на ставот дека законот за амнестија е селективен и преку амандман ќе бараат целосно помилување за 27 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

