Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за Филипче
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека до Собранието ќе поднесе предлог за интерпелација на министерот за здравство, Венко Филипче, кому, како што велат, поважни му се провизиите за вакцините отколку животот на граѓаните.
„Кина ги продава вакцините против коронавирусот за 30 долари, Филипче нудеше над 60 долари. Причината е јасна, наместо во потрага по вакцини, власта беше во потрага по провизии. Фантом-фирма од Хонг Конг, без вработени медицински лица, требаше да биде фаворизираниот набавувач на вакцините за двојно поскапа цена од реалната.
Единствени сме во светот по најлошото справување со корона-кризата. Македонија е на 118. место од 122 држави по број на вакцинирани. Од нас полоши се само Египет, Уганда, Св. Хелена и Екваторијална Гвинеја. 5. место, но од назад.
Филипче е најодговорен за катастрофалното справување со корона-кризата поради: неследење кластери; нема лекови; нема болнички кревети; нема респиратори; нема протокли за лекување и движење на пациентите; ненавремени и несоодветни мерки“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
Тој дополни дека од рака е наметнат полицискиот час, а во преполните автобуси има корона-кластери, што, според него, покажува дека се нема концепт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

