Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговори на Кузеска: СДС и Ковачевски прифатија нешто кое 80% од граѓаните не го одобруваат, време е за соочување со народот

СДС и Ковачевски ја доведоа Македонија до ќорсокак затоа што без мандат прифатија и ветуваа нешто со кое не се согласува 80% од граѓаните. Затоа сега ако имаат доблест и храброст треба да прифатат соочување со народот на избори и на тие избори јасно да се искристализираат чекорите и политиките на државата.
Но за жал СДС и Ковачевски избраа да бидат приврзок во владата на ДУИ, наместо да им служат на граѓаните. Тие дури и формат и присуство на лидерска средба не можат да одлучат без согласност од Мала Речица.
Ги охрабрува и СДС и Ковачевски да се случи таа тет-а-тет лидерска средба на која ќе се одлучи што после насилниот обид на власта за уставни измени, се вели во одговорот на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за сторено кривично дело „попречување на правдата“.
Според информациите на МВР, пријава е поднесена против Џ.Н. на работно место Виш инспектор за недозволена трговија со оружје и против О.С. на работно место Самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“ по член 368-а од Кривичниот законик.
Првопријавениот, кој бил задолжен да постапува по предмет во кој две лица биле лишени од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215, му овозможил на второпријавениот, кој не бил работно ангажиран и е родител на едно од лицата лишени од слобода, да има целосен увид во службената документација, да располага и да ја пренесува од една во друга просторија, да ги придружува лицата лишени од слобода, да дава насоки при постапувањето и да биде присутен и да учествува во разговорот со лицата лишени од слобода.
Исто така, овозможил привремено одземениот мобилен телефон од едно од лицата лишени од слобода, кај кого била пронајдена поголема количина на дрога, да располага со телефонот и да избрише и уништи докази од телефонот важни за истрагата.
Втoропријавениот, иако не бил работно ангажиран, активно се вклучил во преземање на службените дејствија во предметот во кој неговиот син бил лишен од слобода, при што му било овозможено да располага со телефонот и да избрише и уништи докази од телефонот важни за истрагата.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Џ.Н. и О.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место.
Македонија
(Видео) Андоновска: Обвинителството да истражи дали дискотеката „Пулс“ ја платила казната од 40.000 евра и каква е улогата на Оливер Спасовски во тоа

Љупчо Коцевски и јавното обвинителство да истражат дали газдата на дискотеката „Пулс“ ја платил казната од 40.000 евра за која неговиот син во телефонска кореспонденција вели дека Оливер Спасовски како министер на МВР ќе ургира да не ја платат, бара Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку дискотеката Пулс не ја платила казната, тогаш Оливер Спасовски под итно треба да биде повикан од ЈО и да се истражи целиот случај. Љупчо Коцевски и ЈО предолг период молчат и го држат случајот во магла. Одговорност мора да има за секој еден кој бил замешан во случајот со работењето на дискотеката Пулс, а не долг и неефективен процес кој ќе резултира со пародија на системот. Ако Љупчо Коцевски има за цел да ги заштити високите претставници на СДС како тогашна власт и да ја унакази правдата, ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа. Секој поединечен сомнеж мора да биде истражен и обелоденет. Одговорност мора да има“, рече Андоновска.
Македонија
Герасимовски: Буџетот за култура двојно се зголемува, македонската култура, автори и уметници имаат вистинска поддршка во Центар

Општина Центар изминативе четири години вложува во промоција и афирмација на македонската култура, јазик и уметност преку мурали, концерти и настани посветени на културното наследство, вели градоначалникот на Општина Центар и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски.
„Муралот „Бушавата азбука“ во Дебар Маало е посветен на промоција на кирилицата и ги поврзува генерациите, потсетувајќи на култната детска емисија преку која го учевме мајчиниот јазик. Веднаш во близина е и муралот на големиот драматург Горан Стефановски, а во боемскиот дел на Центар е овековечен и Александар Џамбазов, легендарниот композитор, диригент и творец на Златно славејче“.
Концертот „Нешто што ќе остане“ е проект кој стана традиција во Општина Центар. Две години наназад, секоја есен, во паркот на Франкофонија се одржува овој популарен музички настан на кој настапуваат исклучиво македонски музичари и се изведува македонска музика.
„Промоцијата на македонскиот јазик, книжевноста и уметноста е врвен приоритет на Општина Центар. Македонските автори, музичари и уметници секогаш ја имале и ќе ја имаат нашата поддршка,“ порача Герасимовски.
Како што појасни, редовно се реализираат и настани како меѓу генерациски средби, каде преку уметноста и хуманоста се дружат младите и повозрасните, еко-пикници за промоција на македонските производители и производи, прошетки со туристички водичи за запознавање со историјата на Центар, како и изложби и културни настани што ја оживуваат локалната сцена.
Буџетот за култура, кој во 2021 година изнесуваше 3 милиони денари, во изминатите четири години е зголемен на 13 милиони денари, а во наредниот мандат е предвидено да достигне 26 милиони денари, додава тој.