Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: 2 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата по 12 април
„Економски раст, зголемување на инвестициите и отворање нови работни места е можно само со инфраструктурни проекти и модерна мрежa на патишта и железничка пруга низ цела Македонија. ВМРО-ДПМНЕ предвидува 2 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата. За 4 години од сега, ќе нема неасфалтиран пат во Македонија“, соопшти партијата.
„Битола, конечно, ќе добие автопат. Планираме изградба на автопат од Скопје до Битола. Возењето со автомобил на тој начин ќе се скрати на еден и пол час. Дополнително, ќе има неколку експресни патишта: Кочани – Штип, Штип – Радовиш, Струмица – бугарска граница, Кавадарци – Прилеп, Битола – грчка граница и Куманово – бугарска граница. Регионалните центри ќе бидат поврзани со автопат или експресни патишта. Секој крај на државата ќе биде лесно достапен од која било точка. Квалитетната инфраструктурна поврзаност ќе значи можност за севкупен економски развој во секој регион од државата еднакво. По 12 април, ќе инвестираме во Македонија. По 12 април, Македонија влегува во фаза на обнова. По 12 април, повеќе за секого“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

