Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Kапитулантските политики на Заев не нѐ придвижуваат ни милиметар кон ЕУ
Зоран Заев е сериозна закана за Република Македонија, која мора да биде совладана, велат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму истакнуваат дека срамниот капитулантски договор со кој, како што велат, се откажал од името Република Македонија и сѐ што е македонско, актуелниот премиер го правдал со добивање датум за преговори само за да ги прикрие сите криминални тендери и зделки.
„ЕУ вчера јасно ни даде до знаење дека капитулантските политики на Заев не нѐ придвижуваат ни милиметар на патот кон истата. Членството во ЕУ бара работа и посветеност, а не трговија со државните интереси. Република Македонија има потреба од реформи, а не од штетни договори. Зоран Заев е човекот кој трајно ги наруши македонските позиции. Зоран Заев е човекот кој прифати промена на Уставот на сопствената држава, бришење на идентитетот и јазикот. Зоран Заев е човекот кој сака да ги искине корените на сопствениот народ и истото да го претстави како голем успех и бенефит“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека Заев како премиер ја разорува државата повеќе од една година.
„Откако Зоран Заев е на власт државата оди назад. Повеќе од една година е испуштена, период во кој можеа да се направат реформи кои навистина ѝ се нужни на државата, како за членство во ЕУ, така и за самата себе. Заев е човекот кој прокоцка повеќе од една година од животот на граѓаните. Зоран Заев е човекот кој прокоцка една година од иднината на Република Македонија. Зоран Заев е човекот кој го наруши угледот на државата до незамисливи граници“, истакнуваат од партијата од каде додаваат дека ЕУ дала јасна порака оти Република Македонија има потреба од деполитизирани институции, слободно судство и функционален правен систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

