Македонија
ВМРО-Народна: Владата правеше политичко шоу за да ја дефокусира јавноста од одбележувањето на 100-годишнината од битката на Кајмакчалан
Oд ВМРО-Народна партија оценуваат дека конечно стана јасно зошто една недела Владата на ВМРО-ДПМНЕ правеше политичко шоу околу протоколарните пропусти со Република Бугарија.
Според оваа партија, се работи како што велат за дефокусирање на јавноста за да во исто време, на 22 септември, на врвот Кајмакчалан зад очите на македонската јавност,а притоа без никакви информации биде ододбележана 108 годишнината од битката на Кајмакчалан.
„Со многу српски знамиња без ниту едно македонско знаме, во присуство на потпретседателот на македонската Влада и високи српски државници ја одбележаа „окупацијата на Македонија“. Во нивните говори ниту еднаш не беше спомнато името на државата во која претстојуваат, во нивните говори окупацијата на Македонија десетина пати беше наречена „ослободување“, во нивните говори Кајмакчалан беше нарекуван како „врата на Кралството Србија“, а Битола град во Кралството Србија.
Да не спомнуваме дека Единаесеттата македонска дивизија која се бореше од другата страна против српската окупација во Македонија никој не ја ни спомна. Очигледно Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува традицијата после славната прослава на Зебрњак во времето на Никола Груевски во која „окупацијата на Македонија“ ја прославуваме токму самите ние“, известуваат од партијата.
За ВМРО-Народна партија е жално да се гледа како владата на ВМРО-ДПМНЕ сепак решила да ја витка кичмата и толку недостоинствено да се однесува кон трагедијата на македонскиот народ.
„Сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека во времето додека живеевме во Југославија и Македонија под водство на Лазар Колишевски празниците на српската окупација не беа празнувани и за тој период учевме
дека тоа е најтешкиот период за македонскиот народ, а тогашната македонска левица и десница ја нарекуваше „зандана на народите“, реагираат од ВМРО-Народна партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

