Македонија
Водата од два бунара во Горно Нерези небезбедна за пиење

Водата од два бунара во село Горно Нерези е небезбедна за пиење поради зголемен број бактерии, соопшти Центарот за управување со кризи.
„Од Центарот за јавно здравје – Скопје известуваат дека водата за пиење од дупчен бунар бр. 1 и дупчен бунар бр. 2 во село Горно Нерези не одговараат за пиење поради зголемен број аеробни бактерии“, стои во соопштението.
Исто така, од ЦЈЗ Скопје известуваат дека примерокот на вода за пиење земен од новиот дупчен бунар од аеродромот „Апостол Павле“ – Охрид со сурова нехлорирана вода не одговара на Правилникот за исправност на водата поради зголемена содржина железо и манган. Поради тоа, се препорачува прочистување и хлорирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемени утринските температури во државата, најстудено било во Крушево и Пожаране

Најстудено утрово било во Крушево и Пожаране каде што се измерени -2 степени, -1 било во Берово и Попова Шапка, 0 во Виница, Тетово и Крива Паланка, 1 во Струмица, Штип, Маврови Анови, Прилеп и Кавадарци, 2 во Скопје-Зајчев Рид и Велес, 3 во Гевгелија, Крушево, Скопје-Петровец, Демир Капија, Скопје-Петровец и Претор, 5 во Охрид.
Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнсувала 31 сантиметар на Попова Шапка и 8 во Маврови Анови.
Времето денеска
Умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во крајните источни и западни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.