Македонија
Возачите да бидат внимателни, а децата запознаени со сообраќајните правила, апелира Советот за безбедност во сообраќајот
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот апелира до возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни во близина на воспитно-образовните установи. Се апелира и до родителите, воспитувачите и наставниците да ги запознаат и да ги потсетуваат децата на основните правила и прописи во сообраќајот заради осигурување на нивната безбедност.
„Денес, почнува новата учебна година, што значи огромен број деца ќе се упатат кон градинките и училиштата. Токму тие – децата што пешачат или управуваат велосипед, тротинет и сл. се најмалите учесници во сообраќајот и неопходно е да знаат како да сe однесуваат“, велат од Републичкиот совет.
На децата што возат велосипед или тротинет им се препорачува да носат заштитен шлем – кацига, да возат со пропишаната брзина и да ги почитуваат сообраќајните правила и другите учесници во сообраќајот, како и да управуваат со исправни и означени велосипеди и тротинети.
На децата што пешачат РСБСП им препорачува: да ја поминуваат улицата само на обележан пешачки премин, да не претрчуваат преку улица, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, т.е. да преминуваат улица само кога свети зеленото светло на пешачкиот семафор, особено да бидат внимателни кога се движат во услови на намалена видливост, т.е. дожд и магла (по можност да носат светла облека или рефлектирачко елече), да не преминуваат помеѓу возилата во движење, да не користат мобилен телефон или слушалки при преминување улица, да внимаваат кога се движат на паркинзите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда
„Со неуставна Резолуција ДПМНЕ-ЗНАМ сакаат да ја задушат демократијата и слободата на говор во Македонија. Целта е по секоја цена да се обидат да ја замолчат опозицијата да зборува за темата мигранти и нивниот договор. Со забрани и закани за кривични пријави да нема дебата за она што тајно го договориле далеку од очите на јавноста“, велат од СДСМ.
„СДСМ тоа нема да го дозволи. Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда.
Прв чекор ќе биде претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок која ќе ја поднесеме денеска.
Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот во делот на основните човекови слободи и права а тоа е слободата на изразување и политичко делување.
Заедно со граѓаните Фронтот за правда ќе се бори за Македонија, за слободата и демократијата со сите демократски механизми.
Ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата!“, соопшти СДСМ.
Македонија
Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности
Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите беа спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи.
Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите во пакетчето и заради некомплетни декларации, инспекциските служби на АХВ издадоа 4 решенија со наредба за повлекување од промет на новогодишни пакетчиња, а на двајца оператори со храна, издадени им се решенија со наредби за ставање на збирни декларации на пакетчињата.
Со спроведените 262 инспекциски контроли на безбеднсота на новогодишните пакетчиња, нема оператори со храна кои се парично казнети, ниту е поништена небезнедна храна.
Во споредба со лани спроведените контроли на безбедноста на оваа категорија производи, кога беше утврдено несоодветно означување на пакетчиња, немање декларации и наведен рок на употреба на збирно пакување, најдени беа и пакетчиња кои содржат производи со поминат рок на употреба и со краток рок на трајност на призводите како и производи со променети органолептички својства, годинава, кај операторите, утврдени се само минимални недоследности, извести АХВ.
И покрај тоа, АХВ и во нардниов период, особено пред и по новогодишните празници, ќе продолжи со спроведување на контроли за следење на безбедноста на оваа категорија производи, додаваат од Агенцијата во писменото соопштение.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).

