Македонија
Возило излетало пред мостот на Вардар кај Пепелиште
Возило излетало синоќа пред мостот на Вардар кај Пепелиште, информираа денеска од Центарот за управување со кризи.
– Синоќа во 21:17 часот на Единствениот европски број за итни повици 112, во ЦУК е добиен автоматски повик од „ајфон 14“ од телефонски број од Србија, кој содржел известување на англиски јазик, дека корисникот на телефонот доживеал сообраќајна несреќа, не е контактибилен вклучително и аудио координати на местото на кое се случила несреќата, соопштија од ЦУК.
Операторот на 112 во ЦУК итно го известил дежурниот центар во МВР, давајќи ги координатите на несреќата по што била испратена полициска екипа која го пронашла возилото кое излетало надвор од регионалниот пат Неготино – Штип пред селото Пепелиште, непосредно пред мостот на Вардар.
Возачот и патниците во возилото не биле повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халуцинации и психолошка состојба се обидите на СДСМ резултатот од изборите да го прикажат како историски подвиг, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Во врска со прикажувањето на резултатите од првот круг на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ утрово прашува со што денес Социјалдемократскиот сојуз ќе го спореди својот изборен неуспех.
„Денес е нов ден за Македонија, ден кога јавноста е во очекување – со што ќе го споредат од СДС својот изборен успех. Можеби со 1993 година во Македонија, или со некоја африканска земја и нивните искуства,“ се наведува во соопштението.
Од партијата порачаа дека социјалдемократите треба да се освестат, сконцентрираат и приберат, додавајќи дека нивните обиди да прикажат историски подвизи се плод на халуцинации и специфична психолошка состојба.
Македонија
Денес сончево време со температура до 24 степени
Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.
Македонија
Ноќва почнува зимското сметање на времето
Ноќва почнува зимското сметање на времето.
Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад.
Со тоа, времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

