Македонија
Кучиња масакрирани со секира во населбата Аеродром
Од здружението за заштита на животните „Анима мунди“ на својата фејсбук-страница информираа за нов случај на насилство врз бездомни животни, во скопската населба Аеродром.
Според нивнинте информации, сурово се убиени две кучиња, од кои едното било пронајдено мртво, а другото угинало во големи маки на пат до ветеринарна станица.
Настанот е пријавен во полиција.
„Сведоци сме на комплетно безредие, нарушување на јавен ред мир, загозување на безбедноста на сѐ што е живо. Ниту едно ветување за похуман третман на животните, ниту една процедура, закон или пропис, ништо не е унапредено! Активистите за правата на животните се излажани како никогаш до сега“, велат од здружението од каде додаваат дека секојдневно се соочуваат со фрапантни случаи на насилство и масовно убивање на бездомните животни.
Од „Анима мунди“ исто така предупредија дека доколку не се пронајде сторителот на овој крвав злочин, во Скопје и во другите градови повторно ќе се организираат протести за заштита на животните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме први во регионот
Позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите, се потврдија со тоа што Северна Македонија е најдобро рангирана земја во регионот по слобода на медиуи, истакна Венко Филипче носител на листа во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
,,Македонија во 2024 година го постигна сопствениот рекорд во последните 15 години во Индексот на слободата на медиумите според „Репортери без граници“. Годинава се наоѓа на 36-то место и е најдобро рангирана од сите земји во регионот. Ова е потврда за позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите. Слободни медиуми се слика на секое демократско општество”, смета Филипче.
Тој посочи дека граѓаните не треба да дозволат да ја изгубиме демократијата и слободата.
,,Без слобода, без независни медиуми, без професионални новинари ќе го изгубиме и развојот и напредокот на државата. Уште многу треба да се направи за подобрување на општата медиумска ситуација во земјата, но курсот кој го поставивме е правилен” вели Филипче.
Носителот на листата во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Филипче истакна дека во следниот мандат СДСМ мора да се фокусира на повисок животен стандард на новинарските и медиумските работници.
,,Тоа директно ќе влијае на објективноста во известувањето, во служба на граѓаните, а не во политичките и бизнис елити”, рече Филипче.
Македонија
Николоски: Која е улогата на Груби во криминалот во Лотарија и доделувањето на трите лиценци за онлајн игри на среќа?
Можеби и нема подобро место од Гевгелија, тоа е поврзано со нашата сериозна одлука да ги испратиме ДУИ во опозиција и да одговараат за криминалот, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.
„Мислам дека од овде е право време и место да повторно го прашам Артан Груби каква е неговата улога во индициите за криминал што ги има во Лотарија на Македонија, зошто токму тој притискаше толку силно за измените на Законот за игри на среќа, која е неговата улога во нелегалното доделување на втора лиценца за видео лотарија, како и која е неговата улога во нелегалното доделување на три лиценци за онлајн игри на среќа“, истакнува Николоски.
„Од една страна велеа дека сакаат да ги отстранат местата за обложување за да не се обложувале децата, а од друга страна дадоа три лиценци за онлајн игри на среќа при што на секое дете веќе на телефон му е веќе можноста да се обложува што секако ќе се согласите не е во ред“, додава тој.
Македонија
Јанчев: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат
Носителот на листа од Левица во ИЕ 4, Сашко Јанчев, во своето обраќање до граѓаните, стави акцент на поданичките политики на СДС и ДПМНЕ, кои ја доведоа Македонија во ситуација повеќе да го нема луксузот да се движи по досегашната траекторија.
„Македонија не смее да ги бира оние кои веќе 30 години се директни виновници за ова дереџе во кое се наоѓа државата! Македонија нема луксуз да ги гласа истите, а да очекува промена! Нема што повеќе да зборуваме за СДС на нашата земја. Со Заев и после него, СДС се претвори во историски најантимакедонската организација која некогаш постоела!”, истакна Јанчев.
Според Јанчев, секоја партија која го гази интересот на својот народ за интерес на амбасадите, на крајот завршува отфрлена и од амбасадите и од својот народ.
,,СДС им се лижеа на амбасадите, а сега истите тие амбасади им го формираа ЗНАМ за да ги преполови!
Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, во кое ни В нема од ВМРО, повторно зборуваат за национално обединување. Јас 30 години слушам како тие нè обединуваат, но, искрено, јас воопшто не се чувствувам обединето. Напротив, се чувствувам предадено!
Се чувствував предадено и кога гласаа за амнестија на Хашките случаи. За амнестијата гласаше и носителот на ИЕ4, Александар Николовски.
Се чувствував предадено кога позајмија 8 пратеника за промена на името, а наместо на протест, Мицковски беше на прошетка во Битола.
Се чувствував предадено кога Мицковски му рече на Борисов дека ,ште го поткрепи’ Договорот за добрососедство со Бугарија!”, додава Јанчев.
На крајот од своето излагање, Носителот на ИЕ4 повика, Сашко Јанчев, порача:
,,Затоа, не го ситнете отпорот! Не го трошете бадијала гласот! Дајте го на Левица, за да има што повеќе пратеници во Собрание кои се на страната на народот!