Македонија
Вонредни контроли на мотоциклисти, утврдени бројни прекршоци и неправилности
Полицијата соопшти дека извршила вонредни контроли во кои биле опфатени мотоциклисти во Тетово, Струмица, Велес, Кавадарци и Неготино.
При контролата во Тетово биле откриени 37 прекршоци, од кои девет управување без дозвола, исто толку истечена регистрација, 11 мотоциклисти управувале без заштитен шлем, а 3 со истечена осигурителна полиса. При контролата констатирани се и девет други видови прекршоци. Откриените прекршоци биле заокружени со 35 прекршочни платни налози, со 15 исклучени од сообраќај, една писмена опомена и шест покани за сообраќајна поука.
Во Струмица се откриени 24 прекршоци, за кои се издадени 24 прекршочни платни налози.
При контролите на мопеди и мотоцикли во Велес, затечени се 48 неисправни возила, согласно со Законот за сообраќај. Во Кавадарци од 35, неисправни биле 20, додека во Неготино од 24 несиправни биле шест мопеди и мотоцикли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

