Македонија
Во Битола наскоро конкурс за архитектонско решение за спортска зона на местото на поранешната касарна
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и советникот Бојан Бојкоски, денес остварија работна средба со советничката во Советот на Општина Битола, Анастасија Трајковска, во врска со нејзиниот предлог проект за објавување на Конкурс за идејно архитектонско решение за спортско рекреативна зона на просторот на поранешната касарна, односно во делот на АРМ Четврт 2, во близина на новата детска градинка.
Предлогот кој беше усвоен од страна на Советот на Општина Битола, денес од стручен аспект, советничката Трајковска, детално го образложи, пред градоначалникот Коњановски, нагласувајќи дека ова решение треба да содржи спортски игралишта за фудбал, кошарка, тенис, одбојка, фудбалско игралиште по стандарди на УЕФА за тренинг камп, соблекувални, мини детски паркови, пропратни содржини, како кафетерии и мини ресторани, што ќе значи вистинско спортско рекреативно збогатување на овој дел од АРМ. Со својата експертиза, советничката Трајковска, како дипломиран инжинер архитект, даде важни насоки, кои ја истакнуваат значајноста и функционалната важност на овој проект.
Градоначалникот Коњановски и советникот Бојан Бојкоски, нагласија дека станува збор за многу добра идеја, која прво треба да донесе избор на најдоброто архитектонско решение кое потоа ќе резултира на терен со успешен проект во интерес на битолчани.
Коњановски потенцираше дека, проектот за објавување на Конкурс за Идејно архитектонско решение за рекреативна зона со намена Д3 во АРМ Четврт 2 е дел од Програмата за економски развој, за истиот веќе се обезбедени средства и по завршувањето на подготовката на потребната документација од страна на општинската администрација, во месец јуни ќе биде објавена постапка за јавна набавка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил ф-2“ на крстосницата ул.Октомвриска Револуција/ бул.Партизански Одреди, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зграда 10, 12 и 14 на ул.Октомвриска Револуција и дел од бул.Партизански Одреди (потегот од Никола Тесла до Октомвриска Револуција). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.(Карпош)
· поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул.Наум Наумовски Борче бр.63, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Наум Наумовски Борче бр.63. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.(Центар)
Македонија
Меџити-Спиропали: во фокусот актуелните случувања
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета во Скопје.
Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси на двете држави.
Спиропали и Меџити положија цвеќиња пред споменикот на националниот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, во знак на почит кон визијата на овој историски водач за европската ориентација на Албанците, соопштија од кабинетот на Меџити. По тој повод, беше повторно нагласено дека иднината на Албанците е во Европската Унија, како заедница на демократски вредности и успешен модел на институционална, културна и политичка интеграција на сите народи.
„Присуството во Чаир дополнително испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание на државата Албанија кон Албанците во Северна Македонија.
Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“
Вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки.
Со организација на кино-проекцијата на филмот „Биби и Боби“, им подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“, истакна скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, откако беше организирана посебна вечер наменета за децата од згрижувачките семејства и од ЈУ Детски дом „11 Октомври“.
„Сала исполнета со смеа, возбуда и детска искреност, моменти што нè потсетуваат колку малку е потребно за голема среќа, а колку многу значи вниманието.
По завршувањето на филмот, поделивме новогодишни пакетчиња за сите дечиња.
Како градоначалник, но пред сè како човек, останувам цврсто посветен на создавање можности, поддршка и сигурност за најмладите, особено за децата кои се дел од системот на социјална заштита.
Нивната радост е нашата најголема обврска.
Секое дете заслужува внимание, љубов и убави празнични денови“.

