Македонија
Во борбата против малолетничката деликвенција, Тошковски, Ѓорѓиевски и Герасимовски во заедничка акција низ Скопје
Вчеравечер претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, спроведоа заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода. Претходно, одржаваа и координативен состанок во полициската станица во Центар за нивните заеднички заложби.
-Целта на оваа иницијатива беше да се направи увид на состојбата со присуството на малолетници во доцните часови, да се разговара со нив и да се испрати јасна порака за важноста на превенцијата во борбата против малолетничката деликвенција. Од страна на МВР информираа дека ќе се разгледа и можноста во рамки на системот ,,Безбеден град”, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите.
Оваа активност доаѓа непосредно по едногласното усвојување на иницијативата од страна на ЗЕЛС, а поднесена од Општина Центар, која се залага за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.
Се залагаме за воспоставување силна меѓуинституционална соработка со цел воведување на општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.
Вечерва, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, имавме можност да ја видиме состојбата на терен и директно да поразговараме со младите.
Ова е одличен пример за тоа колку е важна координацијата меѓу локалната самоуправа, МВР и останатите надлежни институции во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир.
Во следниот период, ќе продолжиме со активни чекори за имплементација на усвоената иницијатива, со цел создавање безбедна средина за сите граѓани, особено за младите.
Голема благодарност до министерот Тошковски и сите припадници на безбедносните сили за поддршката-изјави Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

