Македонија
(Видео) Турскиот амбасадор: Пожртвуваноста на македонските војници ќе остане врежана во сеќавањата на турскиот народ
Министерството за одбрана организира пречек на припадниците од специјалните сили на Армијата, кои учествуваа во хуманитарната спасувачка операција во Турција. Тие престојуваа 13 дена и помагаа во спасувачките акции, во кои извлекуваа жители на погодените градови од урнатините.
„Во трката со времето овие војници настојуваа да спасат човечки животи, а најголема радост беше спасувањето на 5-годишното дете од урнатините во Турција, беше посочено од страна на армиските власти во Македонија.
„Турција пред две недели ја доживеа најразорната природна катастрофа, Северна Македонија од првите мигови беше со нас“, истакна во своето обраќање турскиот амбасадор во Македонија, Хасан Мехмет Секизќок.
„Соединувајќи се во едно срце, Северна Македонија со почитуваниот претседател, Владата, јавни институции и доброволни граѓани ги мобилизира сите свои можности за испраќање помош во регионот погоден од земјотресот. На самото место сведочевте на разорноста на земјотресот, ја споделивте длабоката тага на турскиот народ“, рече турскиот амбасадор.
„Храбри чеда на македонската армија, вашата пожртвуваност е врежана во меморијата на турскиот народ“, додаде тој.
На настанот на припадниците на Армијата им се заблагодарија и ги поздравија претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана – Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата – генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија – г. Хасан Мехмет Секизќок, и одбранбениот аташе на Турција во Република Северна Македонија.
Армиски тим за заштита и спасување од Баталјонот за специјални сили, водачи и кучиња обучени за трагање учествуваа во спасувачката акција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

