Македонија
Во изворите Свети Наум откриени два нови вида полжави
Изворите Свети Наум во центарот на вниманието на домашната и светската научна јавност: откриени се два нови вида полжави.

Ова фасцинантно научно откритие повторно ја потврдува и изнесува на виделина извонредната биолошка разновидност со која се одликува овој уникатен екосистем.

Првиот од двата новооткрени вида полжави е именуван како Ancylus naumiensis n. sp., вид што првпат беше забележан во 1996 како Ancylus sp. D, но не беше потврдена неговата посебност и карактеристики на нов вид поради недостиг на морфолошко-таксономски податоци.

Уште поголемо е значењето и откритието за вториот вид – Ohridonaumia trajanovski n. sp, кој е целосно новоопишан и тоа не само како вид, туку и како род што првпат се спомнува за изворите Свети Наум. Уште еден куриозитет за овој вид е неговата номенклатура, односно видот е именуван според проф. д-р Сашо Трајановски (Ohridonaumia trajanovski), еминентен и истакнат научен работник од Хидробиолошкиот институт во Охрид, во чест на неговата две и полдецениска посветена заложба за заштита и промоција на Охридското Езеро и неговиот уникатен жив свет.
Описот и на двата вида, нивната ендемска природа и посебност повторно иницираат низа научно-интригантни прашања за нивната еволутивна генеза, но и улога во деликатната рамнотежа на овој воден рај. Тие ја потврдуваат посебноста на изворите како извонредна природна креација и ја потенцираат потребата од нивна итна, неодложна и долгорочна заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината.
Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини.
„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа – Македонски Брод и Могила – така што во овој момент коалицијата има 35 градоначалници и уште во 24 општини е во втор круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа ќе биде историски најголем триумф на македонската политичка сцена.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, имајќи мнозинство и во 58 општински совети, а го истакна и водството на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, со предност од над три спрема еден во однос на противкандидатот.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, да се потврди „најголемата победа во историјата на Македонија“.

