Македонија
Во Институтот за јавно здравје се делеле повисоки плати од предвидените, откриваат ревизорите
Државниот завод за ревизија утврди дека вработени во Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје од Скопје во 2016 година добивале повисоки плати со пресметка на повисок коефициент од законски утврдениот. Од 25 досиеја на вработени, кај три било констатирано дека има исплати на повисоки плати, кај едно лице дека има понизок степен на образование, а зема плата по повисок коефициент. Во извештајот на ревизорите пишува дека седум лица добивале надоместок за раководење, иако тоа законски не било дозволено.
Две лица што биле назначени за началници го немале потребното работно искуство предвидено со актот на систематизација. Институтот исплаќал прекувремена работа, но во 19 случаи за тоа немало одобрение, а таму каде што имало исплати, не бил приложен извадок од електронскиот систем за евиденција на работното време. Притоа не се вршела анализа на оправданоста за отсуството од работа, која е поврзана со исплатата на плати.
Ревизијата констатира дека биле вршени корекции на дневниот промет на фискалните каси, без притоа да се наведат причините. Наплатените готови средства од извршени здравствени услуги референтот ги уплаќал со задоцнување од 2-3 месеца. Институтот ангажирал и надворешно лице консултант, но во договорот не биле прецизно наведени работните активности. Финансиските извештаи за овој период се одговорност на директорот Шабан Мемети. Тој на седница со Управниот одбор ги разгледал забелешките на ревизорите, па испратиле известување, но Државната ревизија прифатила само по 1 забелешка, а другите ги отфрлила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

