Македонија
Во Карпош храна и лекови ќе се доставуваат и за време на полицискиот час во продолжениот викенд
Општина Карпош ги известува сите фирми што вршат достава на храна/лекови, а кои веќе имаат добиено известувања за вршење дејност и во полициски час, дека тие и понатаму имаат важност (во тек на работната недела по 19 часот и за време на викендот, 1, 2 и 3 мај по 14 часот).
Исто така, сите други компании што сакаат да вршат достава на храна/лекови, а до овој момент не се пријавиле, да пополнат пријава и да ја испратат на [email protected] најдоцна до утре (30 април) до 11 часот.
„Ги информираме сите граѓани и компании дека во текот на продолжениот викенд, 1, 2 и 3 мај, ќе биде дозволено движење меѓу 5 и 14 часот. Оттука, нерегистрираните земјоделци, кои вршат дејност во Карпош, хранителите на бездомни кучиња, гулабари, потребно е да вршат дејност во дозволениот дел од денот“, информираат општинските власти.
Нерегистрираните земјоделци, кои сакаат да вршат дејност надвор од општината, во околината на Скопје, за време на претстојниот викенд, да се пријават на [email protected], со име и презиме, живеалиште, локација на која ќе вршат дејност, број на катастарска пацела и во кој период од полицискиот час.
Истите податоци да се испратат најдоцна до утре, исто така до 11 часот, посочуваат од Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

