Македонија
Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 391 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Кожната клиника, двајца на Клиниката за нефрологија и четворица во ковид-центарот на Неврологија.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 9 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на ОРЛ 11 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 19 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 99 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 130 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент. Вкупно 391 пациент потврден и сомнителен за Ковид- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 115 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Изолациската дипломатија на Мицкоски ја носи Македонија во „периметар Сомалија“
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски.
„Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и суспензија на визите. Според партијата, со месеци предупредувале дека, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација, далеку од Европската Унија“.
САД претходно ги суспендираа имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.

