Македонија
Во ковид-центрите во Скопје се лекуваат 510 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, со што вкупниот број на пациенти сега е 510, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.
Во моментот на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија – 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациент со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментот се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести – 17 пациенти, а на ОРЛ – 30 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 162 пациенти, а во Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 34 пациенти, од кои 9 деца и 25 возрасни.
„И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово, до 8 часот, имало 20-ина слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка“, соопшти МЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

