Македонија
Во Македонија две дози вакцина примиле над 547.000 граѓани
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 733.226 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.179 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.022 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.280.332 дози вакцини, а втора доза се 547.105 граѓани, соопшти Министерството за здравство (МЗ).
Со последните бројки, 53 % од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28 % од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктовите во државата. Децата од 12- до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од неа“, велат од МЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Не е нормално Владата да купува авион, а за лекови на Онкологија да чека донации
Владата ќе купива авион од стотина милиони евра а решението за лекови на Онклогија го бара преку донации. Ова што се случува едноставно не нормално, велат од СДСМ.
„Цела недела нема лекови на Онкологија кои се животно потребни. Пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостиг од онколошка терапија, недостаток на здравствен кадар и неприфатливи услови за лекување.
Овој хаос во здравството е јасен показател за неспособноста на премиерот Мицкоски и министерот Таравари да се справат со потребите на граѓаните и да го подобрат здравствениот систем.
Ветените реформи и подобрувања останаа празни зборови и куп лаги.
Додека парите на граѓаните власта на Мицкоски ги троши на луксуз, мебел, авиони и скапи патувања.
Власта веднаш треба да се откаже од аздисаното трошење на парите за луксузирање на владините функционери и да ги насочи кон реални потреби на луѓето.
Го повикуваме Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување итно да преземат мерки за обезбедување на потребната терапија за сите пациенти.
Бараме итно зголемување на здравствениот кадар и подобрување на условите на Клиниката за онкологија и радиотерапија.
Животите на граѓаните не смеат да бидат предмет на неодговорност и игнорантност“, се вели во соопштението на СДСМ.
Македонија
Обвинителството да отвори истрага за сите злоупотреби со онколошка терапија, повика ВМРО-ДПМНЕ
Мафијата на смртта која печали милиони на здравјето на граѓаните здравствениот систем го донесе пред колапс. Една иста мафија на смртта тргува со животите на најтешко болните пациенти, лица заболени од рак и од тоа прави бизнис и дебело профитира. А, од друга страна истите веледрогерии кои ги набават лековите, континуирано добивале и добиваат заштита од политички структури блиски до СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се наведува дека проблемот со недостаток на терапија за тешко болните пациенти од рак на Клиниката за онкологија не нешто ново и нешто што се случува само сега. Првите два до три месеци од годината во секоја година до сега има недостаток на онколошка терапија, а секоја година една иста веледрогерија набавува лекови по енормно високи цени.
„Бидејќи секогаш има политичка заштита од структури во СДС и ДУИ, истата таа веледогерија, злоупотребувајќи ја болеста на луѓето со цел голем профит и знаејќи дека луѓето и последните пари ќе ги дадат за лек, вештачки креира криза со лекови.
Мафијата на смртта, на чие чело е една иста веледрогерија и помогната и заштитена од политички структури блиски до СДС и ДУИ, за која човечкиот живот не вреди ништо, 30 години ровари во Онкологија и е виновна за смртта на голем број починати пациенти кои навреме не го добиле соодветниот лек.
Го поставуваме прашањето, дали е точно дека веледрогеријата Пановски, блиска до СДС, го уценува со цени македонското здравство? А оваа е истата веледрогерија од каде што Ирина Пановска како директор на една од клиниките при клиничкиот центар во Скопје во време кога министер за здравство беше нивниот близок, Венко Филипче, набавуваше лекови од веледрогеријава каде што татко и, исто така, бил директор.
Поставуваме уште едно логично прашање, дали е вистина дека оваа вештачки создадена криза е токму поради тоа што треба да се купат скапи лекови токму од Пановски, за кој постојат сомнежи дека се манипулира со цените на лекови?
Оттука, бараме и ги повикуваме надлежните институции да покренат сеопфатна истрага за сите злоупотреби кои прават на Клиниката за онкологија со терапиите за болните од рак. Исто така, да се посочат сите одговорни без разлика дали се лидери на партии или поранешни министри, медицински лица или лица дел од фирмите и веледрогериите кои снабдуваат со вакви лекови и се богатат врз здравјето на најтешко болните пациенти.
Исто така треба да се утврди и вистината за тесната поврзаност и политичка и бизнис спрега на Венко Филипче со моќните веледрогерии.
ВМРО-ДПМНЕ повикува Јавното обвинителство да се охрабри и да ги стави на располагање сите свои капацитети за спроведување сеопфатна истрага со цел расчистување и изведување пред лицето на правдата на големите бизнис олигарси кои раководат со мафијата на смртта, која профитира милиони од болеста на луѓето“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје
Дел од Аеродром и Чучер Сандево без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Богомиски Поход. ( општина Аеродром )
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Мирковци. ( општина Чучер Сандево )