Македонија
Во Македонија нови 400 заболени и 11 починати од коронавирус
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-198, Куманово-28, Тетово-16, Прилеп-14, Гостивар-9, Штип-8, Битола-7, Велес-14, Охрид-12, Струмица-7, Кавадарци-19, Струга-7, Кочани-5, Кичево-8, Гевгелија-1, Неготино-2, Дебар-10, Ресен-4, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Берово-3, Делчево-8, Пробиштип-6, Македонски Брод-2, Крушево-2, Македонска Каменица-1, Демир Капија-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 206 оздравени пациенти од: Скопје-146, Куманово-4, Тетово-3, Прилеп-1, Гостивар-5, Штип-2, Битола-4, Велес-3, Струмица-2, Кавадарци-1, Кочани-12, Кичево-2, Гевгелија-1, Дебар-1, Радовиш-13, Делчево-1, Пробиштип-3, Македонска Каменица-2.
Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (82, 63, 75, 74 и 53г.), еден пациент од Битола (66г), од Струмица (70г.), Кавадрци (55г), еден пациент од Струга (77г), еден од Кочани (71г) и еден од Пехчево (71г.). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89392, бројката на оздравени пациенти е 73983, на починати е 2726, а бројот на активни случаи изнесува 12683. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 38809, активни 7352
• Куманово 5046, активни 479
• Тетово 4973, активни 481
• Прилеп 4482, активни 315
• Гостивар 3542, активни 336
• Штип 3443, активни 178
• Битола 3174, активни 256
• Велес 2970, активни 346
• Охрид 2664, активни 367
• Струмица 2479, активни 389
• Кавадарци 2408, активни 412
• Струга 2148, активни 171
• Кочани 1702, активни 130
• Кичево 1670, активни 158
• Свети Николе 1060, активни 52
• Гевгелија 954, активни 130
• Неготино 944, активни 175
• Дебар 724, активни 127
• Ресен 712, активни 116
• Крива Паланка 705, активни 92
• Радовиш 676, активни 64
• Берово 567, активни 60
• Делчево 538, активни 155
• Пробиштип 482, активни 33
• Виница 476, активни 44
• Валандово 325, активни 29
• Демир Хисар 241, активни 13
• Македонски Брод 239, активни 17
• Богданци 214, активни 38
• Кратово 209, активни 16
• Крушево 192, активни 34
• Македонска Каменица 189, активни 47
• Демир Капија 179, активни 38
• Пехчево 175, активни 25
• Дојран 81, активни 8
Направените 2327 теста се преку: ИЈЗ-455, ЦЈЗ Скопје-38, Авицена-235, Биотек-290, МАНУ -139, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Систина со PCR метода -189, лабораторија Лаор –90, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-0, ГАК-0, Синлаб-33, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -642, УК Пулмологија со алергологија –6, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 434.568 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Колку милиони народни пари требаше да завршат во џебовите на Заев и Филипче со планот за преземање на болницата Жан Митрев, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Секојдневно на виделина излегуваат нови факти дека на СДС и Венко Филипче за време на 7 годишното владеење приоритет не им биле граѓаните туку сопствените лукративни цели и интересите на тесен круг луѓе блиску до врхушката на СДС како и бизнис зделките договорени со менторот Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Во низата афери најскандалозен е случајот со планот на Филипче и Заев за преземање на болницата Жан Митрев кој во јавноста доби потврда и од самиот доктор Жан Митрев.
Филипче и Заев имале точно разработен план како да ја преземат болницата Жан Митрев. Класичен модел на делување на кланот Заеви и Филипче преку притисоци, уцена, закани, злоупотреба на институциите и влијание врз судски постапки да остварат лични цели и огромен профит.
За таа цел Филипче и Заев имале добро подготвен план за што говори фактот со зголемувањето на сумата од ФЗО која се префрла на Болницата. Сумата во 2020 година достигнала околу 11 милиони евра, што е скоро дупла за разлика од сумата одвоена за болницата во 2015 година.
Планот за преземање на приватна болница не им поминал, што буквално би значело приватизирање на народни пари.
Филипче да не молчи и да одговори дали навистина имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист, пари од народот?
Колку ќе профитирале Филипче и Заев од зделката за планот што го скроиле и колку народни пари ќе завршеле во нивните џебови?
ЈО да го истражи случајот со Клиничката болница Жан Митрев.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветена за заштита на јавниот интерес и борба против криминалот и корупцијата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ВМРО потврди, сè е приватен бизнис за Мицкоски, затоа има часовници од 150 плати, велат од СДСМ
„Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот на енергетиката, нешто коешто тој самиот го има јавно говорено, каде што со познати светски фирми има соработувано и има добро заработено.“ Со овој одговор за часовниците на Mицкоски вредни 150 минимални плати ВМРО потврди: сè е приватен бизнис за Мицкоски. Директор во ЕЛЕМ, советник на Груевски, сè е тоа приватен бизнис, велат од СДСМ.
„Така е за сите во ВМРО и ЗНАМ, државната работа за нив е приватен бизнис, сите се ориентирани кон тендери и бизниси. На македонскиот работник му се потребни дванаесет години работа за да заработи толку пари колку што чинат часовниците на Мицкоски. 150 минимални плати! Ама бизнис ориентираниот Мицкоски не се грижи за тоа колкави се платите на работниците.
Нема пари за македонските работници, има само за тендери.
Со доаѓањето на „економските работници“ кои веќе ги гледаме значи дека поголеми плати нема да има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Сава
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до граѓаните од српска националност по повод празникот Свети Сава.
„Почитувани сограѓани од српска националност,
Ми претставува особена чест и задоволство да ви го честитам Националниот ден на Србите во земјава, празникот Свети Сава.
Ви посакувам овој голем празник да го поминете во добро здравје, мир и спокој, а вашите домови да бидат исполнети со радост и меѓусебна слога.
Делото на Свети Сава како просветител и мировник е вечен патоказ за тоа како се негува духовноста, но и како се гради заедништво засновано на меѓусебно почитување и разбирање. Токму српската заедница, со својот богат културен идентитет и традиција, е важен сегмент на македонското мултикултурно општество.
Вашиот придонес во сите општествени сфери ја прави македонската држава побогато, посовремено и попросперитетно место за живеење.
Во овие времиња полни со предизвици, пораката на Свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било. Таа нè потсетува дека силата лежи во нашиот соживот и во меѓусебната почит.
Да продолжиме сплотени да чекориме по патот на напредокот, потпирајќи се на мостовите на пријателството што со векови ги градиме.
Честит 27 Јануари, Денот на Свети Сава“, се наведува во честитката.

